Сега веќе митскиот натпревар Динамо Загреб - Црвена звезда од 1990. година кој се смета за почеток на војната во поранешна Југославија одвреме-навреме вади нови митови и легенди. Сега се појавил оглас за скршена столица од „Максимир 1990-та“.
Деновиве хашкиот трибунал ги објави резултатите на истрагата за тоа како хрватскиот генерал Праљак воопшто стигнал до отровот со кој што се самоуби и како успеал да го прошверцува во судница. Одговорот е: за органите на Обединетите Нации е невозможно да откријат како човек сместен во нивен затвор успеа да дојде до отров, и како истиот тој човек успеа да го прошверцува отровот за да се самоубие сред нивна судница. Во меѓувреме Дневник.хр ги добива двете писма кои генералот ги напишал на два дена пред самоубиството.
Марин Стрмота е младиот хрватски демограф кој на целиот Балкан му приреди незабележан призор кога сред прес конференција, од чисто небо (без ценкање „ќе се повлечам од оваа позиција и ќе одам на онаа позиција“), изјави дека поднесува оставка на позицијата Државен секретар во Министерството за демографија на Хрватска. Едноставно не му се допаѓа што и како работи Владата и неговото министерство.
ММА борецот Стипе Миочиќ е главен херој на минатиот викенд. На UFC 220 Хрватот ја одбрани титулата светски шампион против страшниот нокаутер Франсис Нгану и стана првиот во 20 години кој три пати го одбранил шампионскиот појас во UFC.
Словенија испрати барање до Србија да и бидат вратени 313 уметнички дела, историски предмети и документи кои се наоѓаат во српските музеи, службени резиденции и државни установи. Критериум за составување на списокот е авторот на делото да е Словенец или Словенија да учествува во неговото создавање. Доволно опсежен критериум да ја опфаќа и Битката на Неретва.
40% од Хрватите за поклон под елка ставиле играчки, на второ место била козметика, а топ 3-те теми за подароци што доминирале во земјата завршуваат со чевли и облека.
Сајт со име Тотал Кроација њуз кој се занимава со вести околу Хрватска ама на англиски јазик, прави список на „хрватштини“ собрани во живо или по интернет. Конкретен смер на текстот, превод од хрватски на англиски.
Без разлика дали е Мерцедесот на Маршалот, или на некој друг по него, без разлика дали биле левица, или биле десница, се знае на Балкан што иде со власта - германска премиум лимузина.
Вечерашниот бараж натпревар за СП 2018, по кој една од двете земји ќе мора да се соочи со голем неуспех што нема да отпатува за Русија, една хрватска фудбалска легенда го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Но не од спортски причини.
Момците од Славонија на Кикстартер бараа 30.000 долари за почеток на производство на масата. Собраа 35.000 илјади. Идејата зад која парите ги ставија над 100 луѓе е маса составена од модули (коцки) кои се распоредуваат како што на тебе ќе ти текне или ќе ти треба во канцеларија или соба.
Изминаа 4 години откако Хрватите влегоа во ЕУ и почнуваат сериозно да дебатираат дали е вистински момент да започне и влезот и во евро-зоната. Прифаќањето на еврото во просек не би требало да ги чини многу, но знаете како е со оние што јадат месо и оние што јадат зелка: во просек сите се на сарма.
Во време кога хрватските лозари не можат низ цела Далмација, Херцеговина или Босна да најдат кој да им работи на лозјето (а младите дремат на интернет барајќи поевтини тури за одмор), двајца Французи ја искористуваат дупката во системот за да истераат неколкунеделен гратис одмор.
И после ќе кажат туристите се разуздани. Па зошто и не би биле на својот годишен одмор? Буката е неподнослива? Па од вашите локали, каде што ги дерете како мачки, трешти до небо и ден и ноќ. Мочаат насекаде? А не поставивте ниту едно јавно ВЦ. Плажите се валкани? Па треба секој ден да ги чистите.
Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.
Од Хрватска доаѓа една земјоделска бајка во која сточарите не само што успеваат да најдат купувач за својот производ, туку прават и пари од него, што е голема разлика од пред некоја година кога биле банкрот. Што најмногу се сменило во ова време - фатиле сами да продаваат тоа што сами произведуваат, плус малку технологија.
Ни клучните документи не можеш да ги читаш на хрватски затоа што на јазикот се преведени само некои, па ако не знаеш англиски, француски или германски, нема да знаеш ни зошто чекаш на границата која не би ни требала да биде тука.
Агрокор и сите профитабилни делови од концернот ќе и припаднат на Русија, а благодарејќи на подредената положба само дополнително ќе се задолжуваме и ќе купуваме тони харинга, евтина вотка и кисели краставици. И затоа, здраствујте и добро потегнете вотка од 2,99 рубљи да загреете коски затоа што не патуваме во Швајцарија, туку во Иркутск преку Белград.
Согласни дека Америка е прва, а решени да ги остават Холандија и Германија да одлучат која ќе биде втора (или ќе се менуваат), Хрватите се спремни да бидат трети.
Србија и Хрватска тргнаа во набавка на ново оружје и размислуваат околу повторно воведување на воениот рок, додека Косово се погласно бара сопствена армија. На вака зовриената ситуација посебен "Балкан 1991" шмек и даваат медиумите.
Цели 10 години трпела неподнослива тортура од татко ѝ кој физички и психички ја малтретирал. Со помош на Иванишевиќ бега во САД каде работи на благајна и сонува да му се врати на тенисот.
Омиленото балканско хоби - претурање по историјата, само што доби интервентна доза стероиди во форма на 12 милиони страници документи на ЦИА од кои е тргната ознаката државна тајна, а таму: Тито, СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија.
Минатата недела браќата Нико и Роберт Ковач ги продолжија договорите со Ајнтрахт Франкфурт до 2019. година. Не дозволија „орлите“ да испаднат лани од Бундеслига, а сега хрватските специјалисти го носат тимот во зоната на евро-куповите.
Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?