Пред овој натпревар преполн со национал-шовинистичка тензија се судрија навивачите на Динамо Загреб и Црвена звезда.
На јужната трибина од стадионот “Максимир“ во Загреб каде по обичај седат гостинските навивачи, на тој 15. мај 1990 жестоко се судрија хрватските и српските навивачи. Во општиот метеж, хулиганите користеле се што ќе им се нашло при рака.
Еден навивач на Звезда по име Миодраг сега се решил да го продаде „сувенирот“ од Загреб, столицата која што ја откорнал за да се спаси од камениците и шишињата кои летале кон него. Вели дека ја чувал до ден денес, но дошло време да заработи на неа.
„Дента на 13. мај 1990 година како кадет на Војната гимназија во Загреб, отидов со другарите на север неколку часа пред почетокот на мечот. Прво кон нас летна сладолед од страна на навивачите на Динамо кои беа сместени исто на северната трибина но на спратот над нас и беа одвоени со некакви лимени плочи. Летна и пластично шише, таму и назад. Делиите почнаа да удираат по лимените плочи а тие постепено попуштаа.
Една група навивачи на Динамо некако успеа да го напушти тој дел од трибината над нас и ние ја запоседнавме цела северна трибина. Од исток и запад тогаш почнаа да не гаѓаат со каменици.
Од целиот тој адреналин, а помалку и од бес, корневме столици, но корневме и да се заштитиме од камењата со кои не гаѓаа.
Во целиот тој метеж го напуштиме Максимир, прво додека не се отвори портата се криевме зад едно големо дрво околу 20-ина луѓе (лично со ова седиште се бранев од камењата кои паѓаа од западната трибина), а потоа и од навивачите на Динамо кои останаа надвор од стадионот.
Седиштето го криумчарев под јакната до мојата соба, па после тоа и дома кај моите родители. Сите овие години патуваше каде и да бев на служба (Приштина, Ниш, Ужице, Апатин, и сега е во Суботица) како драг спомен.... Верувам дека е единствен од тој настан“, пишувало во текстот на огласот на некој навивач на Црвена звезда.
Еве како изгледа една од многуте откорнати столици во хаосот на Максимир:
Документарката на HRT за "крвавиот Максимир":