Владимир Стојковиќ важеше за дете на Црвена звезда, голмански потенцијал, репрезентативен калибар. Навивачите го почитуваа и штитеа, а тој за возврат го истетовира грбот на групата. По авантура низ цела Европа каде смени 5-6 држави и уште толку клубови, во 2011-та се врати во Белград но реши да потпише со најголемиот ривал, Партизан. Ај што ги разгневи Делиите со тоа, туку на првото градско дерби излезе пред Гробарите со маица „Простете за моето грдо минато“. Еве како го пречекаа на Маракана.