Дејан Матиќ е познат пејач и брат на Саша Матиќ. Двајцата се близнаци и познати се по тоа што се родени слепи.
Порталот Вајс разговарал со Дејан Матиќ за тоа како ги доживува кошаркарските натпревари, и како живее во конзервативното поднебје во кое луѓето кои не гледаат се прилично невидливи и не добиваат многу шанси и услови за нормален живот.
Од таа причина кадарот кога камерите „го уловија“ Дејан Матиќ меѓу 8.000 навивачи предизвика големо внимание.
На новинарското прашање кога почнал да оди на натпревари, Матиќ вели:
- Одам уште од мал на натпревари. Голем звездаш сум уште од најрани денови, одев и на фудбал и на кошарка. Сега одам кога обврските ќе ми дозволат. Слушнав дека мојата слика од мечот некои ја коментирале како мој маркетинг, но јас и пред оваа средба ја гледав Звезда во Евролигата, само тогаш просто луѓето не ме сликале. Одам само затоа што ја сакам Звезда и нема врска тоа со мојата промоција.
Обично седам во партерот, но во последно време стварно тешко се доаѓа до карти па секоја влезница е добродојдена, вели познатиот пејач.
Какво е твоето доживување на тој настан?
- Тешко е со зборови да се опише. Просто од детството навивам за Звезда. Растев со радио емисијата “Време за спорт и рекреација“ и дома секогаш се знаеше дека завршувам со домашното па слушаме преноси на радио. Ги слушав заедно со мајка ми, а татко ми и брат ми не ги интересира спортот.
Како ти звучи натпреварот и можеш ли на основа на реакцијата на публиката да го следиш мечот?
- Секако. Се што се случува на теренот може да се разбере од звукот од трибините. Верувам дека и на таа слика од „Пионир“ се гледа мојата загриженост за резултатот. Јас се соживувам со мечот, живеам со публиката и чувствувам се што се случува.
Пееш ли навивачки песни, пеењето ти е професија?
- Токму за тоа се смеевме со другарите со кои бев на натпреварот, ми рекоа дека мислеле дека ќе го чувам грлото за настапот викендов, а јас ги отпеав сите песни со навивачите. Потполно се опуштам на трибината и тоа ми е и мене како и на другите луѓе добар вентил од секојдневните работи затоа што сум со луѓето кои ги сакам, со кои одам во сала. Во секој случај и за добро пеење треба тренинг па ете прилика.
Дали сево ова оди во прилог на тоа дека животот на слепите и слабовиди луѓе, како и на сите со некој вид хендикеп е прилично невидлив за широката јавност?
- Уште како мал се дружев со луѓето кои го немаа овој вид хендикеп, па и не знам за некоја дискриминација. Луѓето од моето опкружување често велат дека некогаш забораваат дека сум слеп затоа што нормално функционирам. Можам да им се заблагодарам на родителите што денес сум тоа што сум, што ме воспитале вака да живеам со полни гради“, заклучува верниот звездаш Дејан Матиќ кој уште не е сигурен дали вечерва ќе го гледа мечот Звезда - Ефес во Белград поради обврски.
Хајлајтс од мечот Црвена звезда - Панатинаикос:
Via: VICE