Главна тема на филмот “ЗГ80“ на режисерот Игор Шереги, кој наскоро ќе се прикажува во кино салите ширум регионот е гостувањето на навивачите на Динамо Загреб во Белград во ’80-те години. Филмот раскажува за навивачите на Црвена звезда и Динамо Загреб и нивните меѓусебни инциденти при едно гостување на Хрватите во Белград. Филмот на режисерот Игор Шереги веќе предизвика бурни реакции во двете земји. Делиите забраниле некои сцени да се снимаат на стадионот Маракана.
„Искрено, да, сакавме да снимаме на Маракана, но добивме одговор: Може да снимате, но на сопствена одговорност. Ајде брату оди ти па снимај на Маракана на сопствена одговорност. И тоа снимај како Бојс (припадник на навивачката група Бед Блу Бојс) ја прескокнува оградата на среде натпревар и доаѓа до средината со знаме на Динамо во рака. Таа сцена сакавме да ја снимиме таму, но не на своја одговорност“, вели за Спортски новости режисерот Игор Шереги.
Делиите и Бед Блу Бојси се сретнаа минатата година на аеродромот во Атина каде неколку хрватски навивачи беа потешко повредени од побројните српски хулигани. Омразата и ривалитетот меѓу нив се толку големи што никаков филм не би можел да го загаси оганот.
„Не можевме да веруваме дека таму Делиите се прашуваат ама баш за се. Кога почнавме да прегоараме преку нашите соработници од Белград, стигна информација дека на директорот на Звезда, Терзиќ му се закануваат дека ќе му ја запалат колата ако не пушти да снимаме. И кога снимавме во Белград не чуваше полиција, а многу од каскадерите беа навивачи на Звезда кои работеа за пари. Во еден момент му се јавија на некој таму водач кој им кажа: Какви бре Хрвати на Маракана! Чудно е што никој не праша ништо за пари. Значи да им понудевме и милион долари кои секако ги немаме, ќе речеа не може“, додава режисерот на филмот „ЗГ80“.
Политичките тензии меѓу Србија и Хрватска во последно време дополнително му направиле проблем на Шереги.
„Сакавме кружен, црвено-бел стадион, сличен на Маракана. Се обидовме во Нови Сад, но Војводина тесно соработува со Звезда па и тоа пропадна. На крајот не викнаа луше од Крагуевац и рекоа: Дојдете кај нас. Пази ти, од Крагуевац. Таму статисти беа Срби кои глумеа Хрвати за 70 куни (околу 500 денари) и сендвич. Капитализмот на крај победи“, заклучува режисерот на филмот во кој играат и српски глумци.
Официјален трејлер на филмот: