Делије и Бед Блу Бојс се најдоа во Атина

По тродневно барање по улиците на Атина, каде грчката полиција уапсила преку 100 навивачи на Олимпијакос, Динамо Загреб, Панатинаикос и Црвена звезда, Хрватите и Србите претпладнево се сретнале во близина на атинскиот аеродром по што избила голема тепачка.

Управите на двата клуба кои играат во иста група од ЛШ, Олимпијакос и Динамо Загреб се договорија веднаш после ждрепката да не носат организирано навивачи на нивните меѓусебни средби.
 
Сепак тоа не беше причина хулиганите да не се ловат по Атина. Како што е познато, навивачите на Динамо Загреб, Бед Блу Бојс се во блиски односи со навивачите на Панатинаикос, Гејт 13. Од друга страна, Делиите веќе повеќе од две децении се збратимени со Гејт 7, навивачката група на Олимпијакос.
 
Во ситуација кога грчката полиција максимално ангажирано спречила повеќе инциденти во Атина претходните два дена и синоќа после мечот Олимпијакос - Динамо Загреб (2-1), Србите и Хрватите на крајот се начекале на аеродромот.
 
Грчкиот лист То Вика наведува дека има десетина повредени навивачи во тепачката кај аеродромот Елефтериос Венизелос. Истиот медиум додава дека Србите ги нападнале Хрватите и дека полицијата брзо реагирала и ги разделила двете групи, а по инцидентот пет навивачи на Динамо Загреб биле префрлени во најблиската болница.

Во тепачката се користел и нож со кој е ранет еден навивач

Хрватскиот Јутарњи лист се повикува на грчки извори и пренесува дека во тепачката биле користени разни предмети, стаклени шишиња и метални шипки а крајниот епилог е шест повредени и околу 40-ина уапсени навивачи.
 
Фотографии и видео од инцидентот објави и грчкиот портал Њувсит.
„Хрватите на аеродромот го чекаа летот за дома кога ги нападнала група српски и грчки навивачи. Досега има осум повредени навивачи и сите се Хрвати. Еден е потешко повреден по напад со нож", пишува грчкиот Њувсит.
Грчката јавност му посвети големо внимание на инцидентот кој се најавуваше веќе еден месец.
„Сè започна околу 13 часот кога околу 70 Срби се судрија со 25 Хрвати а вкупниот број на повредени е 15 лица. Едно лице е потешко повредено во нападот со нож", пишува грчка Газета.
Видео од тепачката: