На 10 јуни официјално според извештаите во Србија имало вкупо 400 активни случаи: од 12.031 случаи оздравени се 11.348. Ова се неверојатни бројки за земјата со најмалку 7 милиони жители.
Од таа причина властите во Србија ги олабавија мерките па останаа неколку од кои и онаа за држење социјална дистанца.
За да се исполни лимитот на гледачи ако се држи социјална дистанца од метар ипол меѓу секој гледач, тогаш како што пресметаа во Италија, секој навивач би требало да седи на три празни столици после тој до него (ширина на една столица во просек е 45 сантиметри), а растојанието меѓу гледачите треба да биде минимум 90 сантиметри.
Но ова во српскиот фудбал не се зема предвид (требаше на стадионот на Партизан да има околу 11.000 гледачи).
Навивачите на Црвена звезда ја исполнија северната гостинска трибина, а домашните сите три останати трибини. Делиите во еден момент ги прозваа ривалите дека живеат за лајкови и сакаат да станат ѕвезди на Инстаграм
Од друга страна, Гробарите направија неколку прекини со долготрајни бакљади
Со голот на репрезентативецот на Израел Бибрас Натхо на врвна асистенција на Умар Садик, Партизан славеше со 1:0 и влезе во финалето на Купот каде на 24 јуни ќе се сретне со Војводина. Што се однесува до првенството, тоа се доигра без предвидениот плејоф и плејаут, туку само регуларниот дел и Црвена звезда по трет пат по ред ја освои шампионската титула како лидер на табелата.
Фото: REUTERS/Marko Djurica