Километарски редици за карти за Црвена звезда во Лига на шампиони

Актуелниот српски првак обезбеди историско учество во групната фаза од елитното натпреварување, па навивачите и симпатизерите не можеле да дочекаат да почне продажбата на пакет влезници за Лигата на шампионте.

Цената на пакет влезници за сите три натпревари дома против Наполи, Ливерпул и ПСЖ се: Северна и Јужна трибина 7.500 српски динари (околу 3.860 македонски денари), Исток 15.000 денари (околу 7.730 македонски денари), Запад странично 15.000 српски динари и Запад централно: 18.000 српски динари (околу 9.280 денари).