Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Сите кошаркарски натпревари во турското првенство викендов започнаа со една минутa молк во знак на почит кон убиениот навивач на Црвена Звезда. Договорот го испочитуваа сите, освен оние кои се највиновни за трагичниот настан. Тренерот Ергин Атаман се обиде да ги смири во еден момент, но срамните свирежи од трибините не престанаа.
По трагичниот настан вчера вечер во Истанбул, каде навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож во срцето, се огласија повеќе страни, меѓу кои и турскиот премиер, како и СД Галатасарај. Делиите попладнево нема да навиваат на фудбалскиот меч меѓу Раднички КГ и Црвена Звезда.