Сите кошаркарски натпревари во турското првенство викендов започнаа со една минутa молк во знак на почит кон убиениот навивач на Црвена Звезда. Договорот го испочитуваа сите, освен оние кои се највиновни за трагичниот настан. Тренерот Ергин Атаман се обиде да ги смири во еден момент, но срамните свирежи од трибините не престанаа.