Дури во 20-от натпревар на Европското првенство во Франција паднаа повеќе од 3 гола. Хрватска со головите на Перишиќ и Ракитиќ имаше победа за осминафинале, но Чесите се изборија за драматичен финиш и во последните 15 минута израмнија на 2:2.
Впрочем, вреди да се земе предвид и ненамерниот заклучок на хрватската влада: единствен начин да ја спасиш затапената избирачка маса е да ги изневериш нејзините очекувања.
Навивачите на Динамо Загреб од пред некоја година раководат со футсал тимот на Динамо и со оглед на бојкотот на натпреварите на фудбалскиот тим, во голема бројка навиваат на футсал. На мечот против Национал исто од Загреб влегле во теренот и физички нападнале српски футсалери кои играат за оваа екипа.
Во саботата на 12. март, навивачката група на Динамо Загреб прослави 30 години од своето постоење и за таа прилика објави видео со некои досега необјавени снимки околу почетоците на организираното навивање.
Може да не го сакаат, да го обвинуваат, да го осудуваат и судат, но работата на Динамо Загреб под водство на Мамиќ според сите параметри беше успешна. Клубот има неверојатна заработка од продажба на фудбалери и учество во Европа.
Тренерот на Милан решил со брат му Дражен и кумот Мирослав Тањга да го посети родното Борово, крај Вуковар во Хрватска каде влегол камуфлиран и заплакал на куќниот праг.
Меѓу 157 милиони евра потрошени за трансфери минатата година, Каталонците одвоија 18 за Хрватот кој за кратко време стана омилен на Камп Ноу и незаменлив дел од составот на Луис Енрике.
Дали е можен „учен активизам" и кои се опасностите од негово сведување само на учество на протести? Како системот ги „вшмукува" и припитомува поединците? Дали интелектуалците треба се вмешаат „меѓу народот", или прво треба да се замислат колку и самите придонеле за инфлација и злоупотреба на термините со кои се служат? Сето ова во интервјуто кое следи.
Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.
Никој веќе нема да учи да пишува со моливите на ТОЗ (Tvornica olovaka Zagreb). Фирмата е ставена под катанец по најкласичното транзициско сценарио. Ќе го лапаат просторот за апартмани и деловни простории.
Во загрепската галерија „Нова" во тек е изложба под наслов „Отпишаните" со која хрватскиот колектив WHW, по повод 20-годишнината од „Бура", потсетува на книгите кои во текот на 1990-тите биле насилно исфрлени од книжарниците и од библиотеките.
Динамо Загреб во саботата го декласираше Интер Запрешиќ со 5-1. Три гола постигна Армин Хоџиќ, а погодокот кој го постигна во осмата минута беше нешто што се гледа еднаш во 10 години.
Залудно се плашеа Давор Шукер, премиерот Милановиќ и ХНС, затоа што попладнево дознаа дека УЕФА нема да ги исфрли од квалификациите за ЕП 2016 поради кукастиот крст.
Еден месец по скандалот на мечот Хрватска - Италија во Сплит, на стадионот Пољуд се покри делот од теренот каде имаше исцртан фашистички кукаст крст, а сплитската полиција објави видео на кое се гледаат сторителите на ова дело. Хрватска во четврток ќе ја дознае казната од УЕФА, а им се заканува и исфрлање од ЕП2016 во Франција.
Изјавата на спортскиот директор на Гронинген, Ханс Најланд дека „нема намера да пазари играчи на Балканот, затоа што не сака да ги гледа внуците од затворски решетки“ во целост го доловува фудбалското мешетарење на овие простори каде лидер во продажба е Динамо Загреб.
„Толку ми се допадна кога игравме против Сплит што на полувремето отидов кај браќата Жужул да прашам колку треба за да го земам, но не сакаа да слушнат“, изјави Здравко Мамиќ лани за фудбалерот кој неколку години му беше опсесија и кој конечно го потпиша вчера.
Со почеток во 1 часот после полноќ започнува НБА драфтот на кој хрватската кошарка е пред историски настан, затоа што младиот Марио Хезоња би можел да го сруши рекордот на Дарио Шариќ од лани.
Истражувачко-културно-гастрономски проект изработен од Центарот за мировни студии на Хрватска, кој нè запознава со мирисот и вкусот на домашната кујна на бегалците и азилантите во оваа земја.
Со новиот предлог закон за угостителство работното време формално останува од 6 до 24 часот, со тоа што сега локалната власт може да го продолжи по сопствена процена во "зависност од потребите на гостите, водејќи сметка за барањата на граѓаните."
Ако не ги биваше за фудбал и ако работеа по струка дел од хрватските репрезентативци сега ќе поправаа телевизори, ќе служеа пијачки, ќе местеа плочки. Но тие се фатија за тоа што веројатно најмногу ги бива и тоа што ќе им донесе рана пензија и преполна сметка со милиони.
Откако брои 20 тимови кои земаат по три бодови за победа, во италијанското првенство само Јувентус во сезоната 2011-2012 ја освои титулата со дури 11 нерешени резултати. Рома на Олимпико не знае за победа 105 денови.
Играа на СП во Бразил, играа низ Европа и по континентални натпревари. Дарио Срна за Шахтјор, Андреј Крамариќ за Ријека, Иван Ракитиќ за Барселона, Матео Ковачиќ за Интер, Иван Перишиќ за Волфсбург...
Хрватите имаа 1:1 против Италија на Сан Сиро и шанси за победа, а нивните навивачи на два пати го прекинуваа квалификацискиот меч со фрлање бакљи на терен. По судирот со италијанската полиција, уапсени се 16 Хрвати.