Во истражниот затвор Реметинец во Загреб, браќата Мамиќ го чекаат исходот од правното мечување со судот. Независно од тоа дали тужбата против нив ќе ја дочекаат внатре или надвор од затворот, интересно ќе биде да се види како ќе фунцкионираат играчките трансфери. Пред сè оние излезните од Динамо З.
Мамиќ во 2001. година беше промовиран за главен оперативец на клубот и во тој период тој ги средил сите играчки договори. Динамо е меѓу 20 водечки клубови на светот по продажбата на играчи.
Според институтот CIES (Меѓународен центар за спортска анализа), кој предвид ги зема клубовите чии играчи поминале најмалку три сезони пред да бидат продадени (возраст од 15 до 21 година), Динамо е четврт во Европа по извозот, односно прв ако за критериум се земе големината на државата.
Во ерата на Здраво Мамиќ, Динамо остварил 27 милионски трансфери. Вниманието на УСКОК ќе биде фокусирано на играчите кои биле клиенти на Mamic Sport Agency. Станува збор за менаџерска агенција регистрирана во 2000. година во Загреб.
Во 2007. година, тогашниот хрватски министер за спорт Радован Фухс констатирал дека Здравко Мамиќ е во судир на интереси и не може во исто време да биде претседател на Динамо и менаџер, по што агенцијата престанала да работи.
Но регистрирана е фирмата Asa International Agency, која што ја води синот на Мамиќ, Марио Мамиќ лиценциран менаџер со сертификат на ФИФА. Последниот голем трансфер на Здравко Мамиќ беше во 2010. година кога Динамо го продаде Дејан Ловрен во Лион за 8 милиони евра.
Дел од милионските трансфери во ерата на Здравко Мамиќ:
Игор Бишчан во Ливерпул - 8,38 милиони евра
Бошко Балабан во Астон Вила - 7,92 милиони евра
Ивица Олиќ во ЦСКА Москва - 5 милиони евра
Едуардо да Силва во Арсенал - 13,7 милиони евра
Лука Модриќ во Тотенхем - 21,3 милиони евра
Огњен Вукојевиќ во Динамо Киев - 6 милиони евра
Дејан Ловрен во Лион - 8,1 милион евра
Марио Манџукиќ во Волфсбург - 7,1 милион евра
Матео Ковачиќ - 11,1 милион евра
Домагој Вида во Динамо Киев - 5 милиони евра
Тин Једвај во Рома - 6 милиони евра
Марсело Брозовиќ во Интер - 8 милиони евра
Дује Чоп во Каљари - 4 милиони евра
Виа: Слободна Далмација