Сите работници на ТОЗ, околу 40-мина, добиле отказ, непосредно откако фирмата прогласила стечај. Само неколку недели пред стечајот, управата им гарантирала дека до тоа нема да дојде. Многумина од нив се цел работен век во истата фабрика која ги правеше најпознатите моливи на овие простори.
Екипата на Лупига била со работниците на последниот ден пред да биде ставен клуч на фабриката. Емотивни гушкања на колегите, пиво и сокчиња, направиле и скара, сакале да се разделат како луѓе.
На работниците не им е јасно ни што ќе се случува со нив ниту што ќе биде со фабриката. Но претпоставуваат дека ќе биде она за што се шушкало одамна. Дека од фабриката нема да остане ништо а исправните машини ќе завршат во старо железо. Останува големиот фабрички двор (60.000 квадратни метри) кој е пикиран од "си знае државата кој" и дека на местото каде што тие минале добар дел од својот живот наскоро ќе има луксузни апартмани и деловни простори.
Велат, скица за тоа како треба да изгледа тој простор одамна била закачена во канцеларијата на директорот.
Вака изгледал последниот работен ден на луѓето кои ни правеа моливи.