Таг: Хрватска

Непријатно видео на денот

Дечкото е Србин што живее во Хрватска (во село во околина на Барања на самата граница со Србија). На почеток од 90-ти, (има 18 години) српската војска доаѓа кај него во село, му дава калашников и го носи на фронт. Таму мести мини. Ја преживува војната ама не без проблеми. По некое време на пијано, ненамерно, ја застрелува девојката со пиштол во глава. Оди во затвор. Документарецов со него е снимен во 2010-та, повторно во истото село во околина на Барања, од 3-ца хрватски андерграунд филмаџии.

Хрватските писатели проплакаа

Утре, 1.12, во Хрватска ќе се одржи референдум за бракот, кој доколку помине успешно ќе овозможи Парламентот да покрене постапка за уставни промени, според кои бракот во него ќе биде дефиниран како заедница на еден маж и една жена. Каква врска имаат со ова писателите? Епа имаат...

Хрватската дијаспора ги тужи Дилан и „Ролинг стоун“

Организацијата Хрватски светски конгрес, која го обединува хрватското иселеништво, наскоро пред судот во Париз ќе почне судски процес против американскиот музичар, но и против списанието кое ја има објавено неговата спорна изјава.

Хрватите во Исланд само со волнени гаќи

Делегација на Фудбалскиот сојуз на Хрватска смрзна при посетата на Исланд па на своите навивачи им порачаа да си облечат ѕиври.

Исланѓаните ги продадоа влезниците додека сите спиеле

Цел Исланд со нетрпение го очекуваше стартот на продажбата за историскиот бараж натпревар против Хрватска, но кога утрово се разбудија, влезниците веќе беа распродадени. Скандалозната продажба на интернет започнала во 4 часот наутро.

Изненадувањето на првенството на мегдан со Хрватска

Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.

Епска закана над Хрватска

Влегувањето на Хрватска во ЕУ, или на ЕУ во Хрватска (зависи од перспективата на пенетрација), нема да помине без извесни жртви, особено на страната на новиот во друштвото. И тие нема да се однесуваат само на економијата или одбраната, туку и на некои навидум споредни области како книжевноста, тип орална.

Која е тајната на спортскиот успех на Хрватска?

Анализата ја направи Би Би Си кој пишува како балканската мала и млада земја успеа да се издвои како голема спортска сила веднаш по завршувањето на војната во 1995 година. Податокот кој најмногу ги фасцинира е четвртата позиција на ранг листата на ФИФА.

Македонија претпоследна во групата А

По вчерашните резултати во нашата група, Хрватска и Белгија се веќе со една нога на Мундијалот во Бразил. Хрватите ја потврдија фаворитската улога против Србија, а Велс ја изненади Шкотска и изби на третата позиција на табелата.

Хрватите се изгубија во преводот на Михајловиќ

Само една погрешно преведена реченица на хрватскиот портал „Индекс" од интервјуто на селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, предизвика голема бура на реакции во пресрет на утрешниот дуел помеѓу големите ривали Хрватска и Србија во нашата квалификациска група за Светското првенство 2014 година.

Билети за Хрватска – Србија ниту за лек

Квалификацискиот натпревар помеѓу двата големи ривали од нашата група предизвика вистински хаос на продажните места во неколку хрватски градови. Хрватските навивачи спиеа на температури под нулата, само за да бидат дел од големата битка на 22 март на „Максимир".

Да се разбереме пред снегот

Пред кај нас годинава да падне каков било сериозен снег, едно писмо на Хрват (не до нас) инспириран од тамошното натрупување со снег што им се случува деновиве, на тема возачи и возење на снег. Сè може и тука да се искористи.

Климент и Наум од Хрватска

На патот Мостар-Сплит, кај местото Кочерин, на основното училиште се појавија кирилични букви, со висина од 1,4 метри, длабоко изрезбани во ѕидот. Србите веднаш кренаа паника - Хрватите сакаат да им ја земат кирилицата! Нас за среќа никој не нè спомнува.

Дилан против Хрватите (и обратно)

Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.

Чист јазик - полни затвори

Употребувате србизми, турцизми и други заемки? Еве еден хрватски предлог-закон од 1995. за ваквите случаи на „несоодветна употреба на хрватскиот јазик". На чист македонски би искоментирале: у реду е.

Даночен столб на срамот

Хрватска реши да го објави целосниот список на правни и физички лица кои не ги платиле своите давачки кон државата. Првите сто фирми вкупно должат 226 милиони евра. ХРТ е втора.

Учам за писател

Националниот совет за наука ја прифати иницијативата на хрватските друштва на писатели, во рамките на националната академска заедница да се воведе ново звање - дипломиран писател, како и степени за напредување во таа академско-писателска кариера.