Ако една екипа во Серија А се навикне на нерешени резултати, тогаш Скудетото за неа станува табу' тема. Така е барем од 2004-2005 до денешен ден. „Римската Волчица“ има вкупно 11 нерешени на 26 натпревари сезонава. Рома запиша осум ремија на последните девет натпревари, а вечерва игра против Сампдорија и мора да победи доколку сака и натаму да биде на „само“ 11 бодови зад лидерот Јувентус.
Токму Јувентус во 2012 година, како Рома сега, имаше повеќе од 11 нерешени исходи во првите 26 кола, но на крајот ја освои титулата под водство на Антонио Конте.
Интер со Валтер Мацари: 11 нерешени - 5. место
Пред повеќе од една година, нераѕурите на Валтер Мацари имаа 11 нерешени средби во првите 26 кола од првенството и беа петтопласирани, зад Јуве, Рома, Наполи и Фиорентина. На крајот од шампионатот, Интер остана петтопласиран, со бод повеќе од Фиорентина.
На нерешени натпревари се навикна и Роберто Манчини во сезоната 2004-2005, кога Интер имаше неверојатни 16 нерешени исходи во првите 26 кола. Интер тогаш заврши како трет, а Јувентус ја освои титулата, подоцна одземена поради Калчополи скандалот.
Наполи 2009, многу нерешени и шесто место
Во годината во која Валтер Мацари го презеде Наполи од Роберто Донадони, Неаполитанците беа шестопласирани со 11 нерешени натпревари во првите 26. кола. Истата сезона, Лацио кој се бореше за опстанок во лигата, имаше 11 нерешени резултати после 26 одиграни кола.
Исклучокот на Јувентус и Конте
Единствена екипа што ја освоила титулата после 13 „иксови“ во 26. кола е Јувентус, кој немаше ниту еден пораз. Милан како директен конкурент на Јуве имаше четири порази таа година и Бјанконерите заслужено славеа на крајот.
Нерешените носат опстанок, но не секогаш
Од сезоната 2004-2005 до сега многу екипи од средината на табелата обезбедуваа опстанок благодарение на иксовите. Колку и да изгледаат неутрални, нерешените резултати на Торино во 2007-2008 му донесоа мирна завршница. „Биковите“ имаа неверојатни 16 ремија и опстанаа во Серија А. Исто ѝ се случи и на Аталанта во 2011-2012 која се спаси од испаѓање, благодарение на нерешените средби.
Сепак, Палермо не куртули пред две сезони, кога после 11 нерешени исходи испадна. Слично ѝ се случи и на Месина во 2006-2007, која се прости од Серија А и не врати назад.