Таг: Хрватска

Хрватите се изгубија во преводот на Михајловиќ

Само една погрешно преведена реченица на хрватскиот портал „Индекс" од интервјуто на селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, предизвика голема бура на реакции во пресрет на утрешниот дуел помеѓу големите ривали Хрватска и Србија во нашата квалификациска група за Светското првенство 2014 година.

Билети за Хрватска – Србија ниту за лек

Квалификацискиот натпревар помеѓу двата големи ривали од нашата група предизвика вистински хаос на продажните места во неколку хрватски градови. Хрватските навивачи спиеа на температури под нулата, само за да бидат дел од големата битка на 22 март на „Максимир".

Да се разбереме пред снегот

Пред кај нас годинава да падне каков било сериозен снег, едно писмо на Хрват (не до нас) инспириран од тамошното натрупување со снег што им се случува деновиве, на тема возачи и возење на снег. Сè може и тука да се искористи.

Климент и Наум од Хрватска

На патот Мостар-Сплит, кај местото Кочерин, на основното училиште се појавија кирилични букви, со висина од 1,4 метри, длабоко изрезбани во ѕидот. Србите веднаш кренаа паника - Хрватите сакаат да им ја земат кирилицата! Нас за среќа никој не нè спомнува.

Дилан против Хрватите (и обратно)

Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.

Чист јазик - полни затвори

Употребувате србизми, турцизми и други заемки? Еве еден хрватски предлог-закон од 1995. за ваквите случаи на „несоодветна употреба на хрватскиот јазик". На чист македонски би искоментирале: у реду е.

Даночен столб на срамот

Хрватска реши да го објави целосниот список на правни и физички лица кои не ги платиле своите давачки кон државата. Првите сто фирми вкупно должат 226 милиони евра. ХРТ е втора.

Учам за писател

Националниот совет за наука ја прифати иницијативата на хрватските друштва на писатели, во рамките на националната академска заедница да се воведе ново звање - дипломиран писател, како и степени за напредување во таа академско-писателска кариера.