Хрватската кошаркарска репрезентација по големиот пораз од Шпанија во првото коло на кој постигна само 40 поени се налути и влезе во фантастична низа од 7 победи по ред. Предводени од Томиќ кој настапува за Барселона и Богдановиќ кој е најдобар стрелец во тимот, „Коцкестите" се фаворити на дуелот против Украина.
Никој не очекуваше дека Украинските кошаркари ќе стигнат до осминафиналето, а таму се најдоа само со една победа во втората групна фаза и под среќни околности, откако Белгија ја совлада Летонија и практично го направи осминафиналист тимот предводен од НБА тренерот Мајк Фратело.
Со оглед на непредвидливите резултати и изненадувањата на европските првенста нема да биде чудо Украинците ако ја изненадат Хрватска, како што тоа го стори тоа нашата селекција против домаќинот Литванија на минатиот Евробаскет.
Втората полуфинална битка се очекува да биде понеизвесна со оглед на тоа што Литванија и Италија играат во променлива форма на овој шампионат. Литванците кои влегоа како едни од главните фаворити на првенството ги победија сите три меча во втората групна фаза, додека Италијанците откако нанижаа два порази успеаа да се рехабилитираат и тоа против актуелниот европски шампион Шпанија.