Таг: евробаскет 2013

Најдоброто од Евробаскет 2013

На Европското кошаркарско првенство во Словенија видовме премногу добри акции, забивања, додавања и блокади, а ова се најдобрите 10 од нив според ФИБА Европа.

Тони Паркер најдобар на Евробаскетот

За најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство во Словенија е прогласен предводникот на новиот шампион, Тони Паркер, а тој се најде и во идеалната петорка на натпреварувањето.

Франција на европскиот кошаркарски трон

Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.

Франција - Литванија во финалето на Евробаскет

Репрезентацијата на Франција во драматичен натпревар по едно продолжение ја победи Шпанија, а Литванија беше поуспешна од Хрватска во полуфиналните натпревари и овие две селекции си закажаа дуел во финалето на Европското кошаркарско првенство.

Најдоброто од вторите 1/4-финалиња на Евробаскет

Хрватска ја совлада Украина со 84:72, а Литванија ја победи Италија со 81:77 со што овие две селекции си закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето на Европбаскетот. Ова се најдобрите потези од нивните четвртфинални натпревари.

Играч и позајмил пари на Кошаркарската федерација

Кошаркарската федерација на БиХ откри дека за организација на патувањето на Евробаскет позајмила пари од репрезентативецот Нихад Џедовиќ.

Изненадувањето на првенството на мегдан со Хрватска

Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.

Најдоброто од првите 1/4-финалиња на Евробаскет

По првите четврфиналиња Шпанија ја декласираше Србија, а Франција го елиминираше домаќинот Словенија и си закажаа дуел во полуфиналето. Ова се најдобрите потези од вчерашните четвртфинални натпревари.

Шпанија и Франција се првите полуфиналисти

Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија ја растури Србија, а Франција беше поуспешна од домаќинот Словенија.

Србија пред испит против европскиот шампион

Европскиот кошаркарски шампионат во Словенија вечерва ќе ги добие првите два полуфиналисти. Кошаркарите на Душан Ивковиќ во четвртфиналната фаза ќе се соочат со бранителот на титулата, а домаќинот Словенија е на мегдан против вицешампионот.

Познати четвртфиналињата на Евробаскет 2013

Комплетирани се четвртфиналните двојки уште пред и да се одигра последниот натпревар од втората фаза на Европското првенство.

Украина четвртфиналист благодарение на Белгија

Селекцијата на Летонија која не елиминираше во групната фаза на Евробаскетот по поразот од Белгија вечерва ќе ги пакува куферите. Белгијците им направија огромна услуга на кошаркарите на Украина кои и покрај поразот од Литванија обезбедија пласман помеѓу најдобрите осум.

Нема веќе непоразени на Евробаскет 2013

Домаќинот на Европското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Словенија успеа да ја прекине серијата на Италија, а по втор пат киксна шампионот Шпанија.

Започнува втората фаза од Евробаскет 2013

По кратката пауза, денес почнува втората рунда од Европското кошаркарско првенство во Словенија со натпреварите од групата Е.

Бананата на Брчков меѓу Топ потезите

Помеѓу петте најдобри потези од вчерашниот ден на Европското првенство е и блокадата на Владимир Брчков на натпреварот против Летонија со кој се збогувавме со Евробаскетот.

Пораз и крај на одисејата во Словенија

Толку беше. Македонската кошаркарска репрезентација повторно разочара и предвреме ќе ги пакува куферите за дома. Европскиот кошаркарски шампионат го завршува уште во групната фаза со само една победа и четири порази. Мечот со Летонија заврши со 10 поени разлика, но не за нас.

Литванија и Србија победија во наша корист

Македонија остана во игра за понатамошен пласман во следната фаза на Европското првенство во Словенија. Литванија во продолженијата славаше над Црна Гора со 77:70, а претходно Србија беше подобра од Латвија со 80:71. За победа на овие две селекции ќе се молиме и утре.

Разочарувачки пораз од Босна и Херцеговина

Македонската кошаркарска репрезентација во многу неизвесен натпревар се до завршните три минути, но со многу проблеми во одбраната и катастрофалниот шут од сите позиции потфрли во играта и загуби на четвртиот меч на Европското првенство со 62:54.

Србија на колена пред македонската фаланга

Пипан беше во право, нашите кошаркари се налутија по двата порази со контроверзни судиски одлуки и почнаа да газат на Евробаскетот во Словенија. Србија беше немоќна да и се спротивстави на нашата селекција која беше доминантен противник во текот на целиот меч кој го добивме со 89:75.

Без Чековски до крајот на Европското првенство

Деталните прегледи на повредата на Ѓорѓи Чековски покажаа дека станува збор за руптура на мускулот (листот) на десната нога, поради која селекторот Алеш Пипан нема да може да смета на нашиот крилен центар до крајот на Првенството.

Со инает и поголема борба до прв триумф

Трет ден, трет натпревар за нашите револтирани кошаркари кои повторно мораа да се соочат со чудна одлука на судиите во завршницата од вчерашниот меч против Литванија. Следниот испит против подмладената Србија која има максимален учинок мораме да го минеме успешно.

Топ 5 потези од вториот ден на Евробаскет

И на вториот ден од Европското првенство во Словенија видовме добри потези, но за разлика од првиот ден, денес ФИБА направи подобар избор.

ФИБА повторно се срами од своите судии

Исто како и на скратената снимка со најважните случувања од средбата со Црна Гора на која недостигаа судиските грешки од последните секунди и снимката од дуелот со Литванија е без спорните судиски одлуки во последната минута.

Чековски се повреди

На лошите вести од Евробаскетот во Словенија им нема крај. Ѓорѓи Чековски го повреди коленото и е неизвесен за вечерашниот дуел со Србија.