Денес на програмата се три натпревари од групата Е кои ќе се одиграат во салата Стоживе во Љубљана.
Во 14:30 силите ќе ги одмерат Летонија и Украина. Следен е дуелот помеѓу Белгија и Србија, а најинтересен ќе биде помеѓу Литванија и Франција во 21 часот.
Франција и Србија во втората фаза пренесоа по четири поени, Литванија и Украина по три, а Белгија и Летонија по два.
Утре на програмата се дуелите од Ф групата каде ќе се сретнат Финска - Хрватска, Грција - Шпанија и Словенија - Италија.
Италија од првата фаза пренесе четири поени, Шпанија, Словенија, Финска и Хрватска имаат по три, а Грција два поени.