Во реприза на финалето од пред две години, актуелниот шампион Шпанија прокоцка голема предност и во интересен натпревар со неизвесна завршница го загуби европскиот трон.
Шпанците почнаа фуриозно и до крајот на првото полувреме направија голема предност од +14 (34:20).
Сепак Французите не се предадоа и се вратија во игра во второто полувреме кога ја стопија предноста на Шпанија.
На две минути до со поените на Паркер, репрезентацијата на Франција успеа дури и да дојде до водство, а истиот кошаркар на 10 секунди до крајот имаше меч топка, но беше изблокиран за конечни 65:65 по 40 минути игра.
Французите беа поуспешни и по продолжението и на крајот славеа со 75:72 за пласман во големото финале.
Шпанија едноставно немаше одговор за Тони Паркер кој постигна 32 поени, а најефикасни во поразениот табор беа Гасол со 19 и Фернандез со 17 поени.
Првиот полуфинален дуел помеѓу Литванија и Хрватска беше неизвесен во првото полувреме, а клучна беше третата четвртина. Со фуриозна игра Литванците го добија овој период со 21:8 и направија солидна предност која ја одржаа до крајот за победа од 77:62.
Најзаслужни за победата на Литванија беа Мачиулис со 23, Клеиза со 22 и Калниетис со 18 поени, а единствен со двоцифрен учинок кај Хрватите беш Богдановиќ со 15 поени.
Финалето помеѓу Франција и Литванија ќе се одигра во недела во 21 часот, а во 17:30 репрезентациите на Шпанија и Хрватска ќе играат за третото место.