По завршувањето на секој натпревар од Европското првенство во Словенија, ФИБА Европа на својот ЈуТјуб канал и на официјалната вебстрана на Евробаскет 2013 објавува кратки видео снимки со најважните моменти од мечот.
Но кога станува збор за натпреварите на Македонија, ФИБА си крои снимки кои им одговараат само на нив, односно срамејќи се од скандалозните одлуки на нивните судии, тие ги прикриваат грешките со тоа што ги изоставуваат овие делови од натпреварите.
Од вчерашниот дуел против Литванија недостига спорниот момент кој се случи на 40 секунди до крајот кога при водство на Литванија од 69:65, судиите со една контроверзна одлука нашата чисто украдена топка по неколку секунди ја досудија како фаул. Освен петтата лична на Гечевски, исклучен беше и Антиќ кој заработи техничка заради приговор по што Литванците направија недостижна предност.
Спорниот момент кој го нема на снимката:
За потсетување, вака изгледаше „хајлајтсот“ од дуелот со Црна Гора:
Најважниот момент кој го нема на оваа снимка: