Ѓорѓи Чековски повредата ја заработи во последната четвртина од синоќешниот дуел против Литванија, поради која мораше порано да го заврши мечот. Според вебсајтот на МКФ, Пипан нема да може да смета на услугите на Чековски до крајот на Европското првенство.
Ова е голем хендикеп за селекторот Пипан и нашите репрезентативци, кои ќе имаат отежната работа под обрачите на наредните клучни натпревари за пласман во следната фаза.
Следниот натпревар, Македонија го игра вечерва од 21.00 часот, а за противник ја има репрезентацијата на Србија.