Литванија и Србија победија во наша корист

Македонија остана во игра за понатамошен пласман во следната фаза на Европското првенство во Словенија. Литванија во продолженијата славаше над Црна Гора со 77:70, а претходно Србија беше подобра од Латвија со 80:71. За победа на овие две селекции ќе се молиме и утре.

Во ситуација кога денеска го одбележавме и третиот пораз на Евробаскетот во Словенија и кога освен на нашите резултати треба постојано да бидеме со мислите и на другите мечеви во нашата група, првата работа селекциите на Литванија и Србија денеска освен во нивна, ја завршија и во наша корист.

Репрезентацијата на Литванија потешко од очекувања, дури по продолженијата славеше над Црна Гора со 77:70, а триумф забележа и нашиот северен сосед над Латвија. 

Ова се всушност единствените две селекции кои имаат по три победи и кои се наметнуваат за првите две места во групата Б. Математиките сега се малку попрости, но не се воопшто лесни.

Македонија ако не сака предвреме да ги пакува куферите утре мора да оди на триумф над Латвија со минимум 10 коша разлика и повторно да навива за Литванија и Србија кои играат против БиХ и Црна Гора.

Табела

1. Литванија 7
2. Србија 7 
3. Латвија 6
4. Босна и Херцеговина 6
5. Македонија 5
6. Црна Гора 5

8 септември 2013 - 23:08