Репрезентациите на Шпанија и Франција ќе се сретнат во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство кое се одржува во Словенија.
Многу полесно од очекувањата, „црвената фурија" ја растури Србија со 30 разлика. Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар и славеа со 90:60.
Најефикасни кај Шпанија беа Родригез со 22 и Фернандез со 19 поени, а Анџушиќ и Катиќ со по 11 поени беа најдобри во поразениот табор.
Поголема резултатска неизвесност видовме на второто четвртфинале каде домаќините потклекнаа пред фаворитот Франција.
Репрезентацијата на Словенија бодрена од публиката во салата Стожице во Љубљана имаа водство по првата четвртина по што им ја препуштија контролата на кошаркарите на Франција кои на крајот триумфираа со 62:72.
Тони Паркер беше несопирлив со 27 поени, а најефикасен кај домаќините беше Драгиќ со 18 поени.