Крилниот центар на македонската репрезентација заработи незгодна повреда на коленото на десната нога за време на натпреварот со Литванија.
Веднаш по натпреварот Чековски со амбулантно возило беше префлен во болница во Љубљана каде му се извршени детални лекарски прегледи по кои ќе се знае сериозноста на неговата повреда.
Шансите дека ќе настапи на вечерашниот дуел со Србија се мали, а останува да се надеваме дека ќе заздрави за последните натпревари во сабота и недела против БиХ и Летонија.