Украина четвртфиналист благодарение на Белгија

Селекцијата на Летонија која не елиминираше во групната фаза на Евробаскетот по поразот од Белгија вечерва ќе ги пакува куферите. Белгијците им направија огромна услуга на кошаркарите на Украина кои и покрај поразот од Литванија обезбедија пласман помеѓу најдобрите осум.

Литванците и покрај тоа што беа апсолутни фаворити на дуелот против Украина се намачија во последното коло од втората групна фаза и на крајот победија со 70:63. Украинците без разлика на поразот на крајот се радуваа и останаа на четвртата позиција во групата која води во четвртфиналната фаза.

Тоа се должи на триумфот на Белгија над Летонија со 60:56 која и покрај тоа што немаше шанси за следната фаза, практично ја елиминираше Летонија и ја направи Украина четвртфиналист. Во оваа група останува да се реши уште позицијата на врвот на табелата откако ќе се одигра вечерашниот меч помеѓу Србија и Франција кои веќе се пласирани во друштво на најдобрите 8 селекции.

Група Е
1.Литванија 9
2.Франција 7
3.Србија 7
4.Украина 7
----------------
5.Белгија 6
6.Летонија 6

Во втората група домаќините на ова Европско пренство синоќа си обезбедија пласман во четвртфиналната фаза откако ја совладаа Грција со 73:65 која беше еден од главните фаворите за освојување на шампионатот.

Нашиот јужен сосед ако сака да остане во игра ќе мора утре да слави против Хрватска, а истовремено Италија да ја совлада Шпанија и Финска да загуби од Словенија.

Група Ф
1.Словенија 7
2.Хрватска 7
3.Шпанија 6
4.Италија 6
---------------
5.Грција 5
6.Финска 5

15 септември 2013 - 21:07