Нема веќе непоразени на Евробаскет 2013

Домаќинот на Европското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Словенија успеа да ја прекине серијата на Италија, а по втор пат киксна шампионот Шпанија.

По петте победи во групната фаза, Италија повеќе не е непоразена. Италијанците паднаа пред исполнетата сала Стожице во Љубљана и мотивираните домаќини славеа со 84:77.

Втор пораз на Европското првенство забележа актуелниот шампион Шпанија. Овој пат тие загубија од Грција со 79:75 во неизвесен натпревар полн со пресврти.

Репрезентацијата на Хрватска славеше убедлива победа над незгодните Финци со 88:63.

Група Ф
1. Италија 5
2. Словенија 5
4. Хрватска 5
4. Шпанија 4
5. Грција 4
6. Финска 4

Денес на програмата се натпреварите од второто коло во групата Е. Литванија игра против Белгија, Украина со Србија, и Франција против Летонија.

13 септември 2013 - 08:39