Познати четвртфиналињата на Евробаскет 2013

Комплетирани се четвртфиналните двојки уште пред и да се одигра последниот натпревар од втората фаза на Европското првенство.

По двата неизвесни натпревари помеѓу Хрватска и Грција и дуелот помеѓу Италија и Шпанија, одредени се четвртфиналните двојки. Полуфиналистите ќе се добијат по одигрувањето на дуелите:

Србија - Шпанија
Литванија - Италија
Хрватска - Украина
Словенија - Франција

Шпанија имаше двоцифрена предност во четвртиот период, но Италија израмни во последната секунда и се избори за продолжение по кое триумфираше со 86:81.

Крајно неизвесно беше и на натпреварот помеѓу Хрватска и Грција, а победникот беше познат по две продолженија. По 50 минути игра Хрватска победи со 92:88 и го освои првото место во групата Ф, а Грција ги спакува куферите.

16 септември 2013 - 22:03