Предводникот на Српската фудбалска репрезентација, Синиша Михајловиќ во интервју за „Газета дело спорт" зборува за тензиите на мечот Хрватска – Србија во 1999 година, војната помеѓу овие две земји и пријателството со Аркан, но Индекс лошо преведе само една реченица која можеше да предизвика разгорување на страстите пред утрешниот меч.
Имено во делот каде Михајловиќ раскажува за воениот конфликт помеѓу Хрватска и Србија, кажува како купувал храна, облека и лекови за своите сонародници, но не и оружје. Индекс погрешно ја толкувал реченицата и во пренесувањето на интервјуто напишал дека Михајловиќ меѓудругото купувал и оружје.
По невниманието на хрватскиот портал, прстите ги вмеша и политиката, а прва на нозе се крена Хрватската партија за права која го прогласи српскиот селектор за непожелна личност во Хрватска, кој со тоа ги признал кривичните дела и предавства.
По објавувањето на интервјуто возвратија и српските портали кои потегот на Индекс го нарекоа дека е непрофесионален чин и дека со користење на гугл алатките за превод направиле голема утка.
По само еден ден хрватските новинари на Индекс му се извинија на Синиша Михајловиќ, и го тргнаа насловот, објаснувајќи дека немале никаква намера да предизвикуваат некакви тензии. Меѓудругото во соопштението стои дека за разлика од Индекс, останатите портали, меѓу кои и српскиот „Телеграф" ја направиле истата грешка, но се извиниле.