- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Голема трагедија во Шпанија денес ја потресе Европа откако два воза се судриле директно при што настрадале најмалку 30 лица а 179 се повредени. Поради тоа сите јавни настани во земјата се одложени.
- Шпанската кралска фудбалска федерација ги одложила сите натпревари од Купот на Кралот. Во раната фаза вечерва и утре требаше да се одиграат повеќе натпревари меѓу кои и оној на Валенсија на нашиот Столе Димитриевски.
- Трагедијата настанала поради човечка грешка, откако сервисер на железницата не сигнализирал според правилата дека на шините веќе има друг воз.
- Селекторот ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за стартот на квалификациите за ЕП 2028 година, кое ќе се одржи во Швајцарија, Португалија и Шпанија.
- Од повиканите 18 ракометари, само двајца настапуваат во странство – голманот Томовски (Битигхајм) и левиот бек Хориха (ПИК Сегед). Останатите 16 репрезентативци доаѓаат од македонските клубови. Десет ракометари се од Алкалоид, четворица од Пелистер и двајца од Вардар.
- Првиот меч е закажан против селекцијата на Луксембург на 4 ноември (19 часот) во Скопје, додека четири дена подоцна (8 ноември), македонските ракометари ќе гостуваат кај репрезентацијата на Грција (16 часот) во Халкида.