Нов страшен маратон - Ѓоковиќ во финале после гладијаторска борба со Синер!

Во 5 сета, после 4 часа и 30 минути страшно исцрпувачки тенис, Новак Ѓоковиќ го совлада првиот светски рекет број 1 Јаник Синер: 6-3, 3-6, 6-4, 4-6, 4-6 и закажа големо финале за в недела против 18-години помладиот Карлос Алкараз.

Новак Ѓоковиќ е во 38-мо Грен Слем финале во кариерата откако го доби Јаник Синер на кого не му беа доволни ниту 24 аса! Србинот спаси неверојатни 16 од 18 брејк топки односно Јаник Синер искористи само 2/18.

Во недела Ѓоковиќ игра против Карлос Алкараз за надреална 25-та Гренд Слем титула во кариерата!

39-годишниот Новак имаше три меч топки пред конечно да го реши прашањето на победникот.

Српскиот тенисер стана најстариот тенисер во историјата што стигнал до финале на Отвореното првенство на Австралија. Тој има 24 Грен Слем титули е апсолутен рекордер по бројот на највредните пехари. Во недела ќе игра за уште еден трофеј „Норман Брукс“ кој го крена 10 пати во кариерата.

 

„Немам зборови, да бидам искрен. Боже мој, од каде да почнам? Делува нереално. Од самиот почеток, четири часа траеше, сите бевте тука. Ме потсети на дуелот со Рафа. Мислам дека беше висок ниво на тенис. Секогаш е интензивно когра играме. Имаше мој број па морав да го сменам. Фала ви што бевте овде и издржавте до крај.

 

Голем респект кон него (Синер), ме туркаше до крајни граници. Лудо искуство! Некои легенди останаа до два часот после полноќ, фала ви. Не можам доволно да ви се заблагодарам за феноменалната поддршка, неверојатни сте! Го сакам вашиот страствен однос. Вечерва е една од моите најдобри вечери во поглед на атмосфера“, изјави Ѓоковиќ преморен после исцрпувачкиот маратон од 4 и пол часа!

30 јануари 2026 - 15:36