Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Збогум Тихо

30 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 59 години ненадејно почина Тихомир Јанчовски, поет, преведувач, професор по историја, некогашен колумнист на офф.нет. 
  • Во неговата библиографија се впишани дваесетина збирки поезија, два романи-дневници, една книга за деца. Особено беше посветен на промовирањето на православното културно наследство, преку преводи и истражувачки дела, како „Монаштвото во Македонија (1944-2007)“. Традиционално на денешен ден, 30 јануари, ја одбележуваше својата слава, св. Антониј. 
  • Во периодот 2013-2016 имаше своја „бавча“ на офф.нет, „Исповеди“, во која пишуваше за хороскопот, за крадењето и кодошењето, за мекото „л“, за македонцките работи. Раскажуваше како повеќе пати бил на Света Гора, но и дека работел како физикалец, собар, тапкарош и келнер. Тихо живееше, дискутираше и пишуваше со полни гради. Нека му е вечна слава.
  • „Патината не е нечистотија, таа е белегот на времето врз душата. Останатите убави нешта кои ни се во согласност со сегашноста што ја живееме. Да не мешате патина и гнасотија, потребно и непотребно. Кој не сака ништо да фрли, кој чува сѐ, има преполн подрум и гаража, и пренатрупани соби дома - тој се плаши од смрт, од умирачка. И сака ништо да не му избега, низ глава ги превртува и спомените, да не ги заборави. Скржавите луѓе се страшливи луѓе, не се сотони. Имале нешто поради што станале скржави. Обично, нешто им фалело како деца, па после стануваат „чувачи“. А на кој му фалело љубов, станува посесивен. Се плаши да не биде оставен. И љубоморните жени и мажи се такви од истата причина. Некој некогаш ги оставил, или тие оставиле некого што ги сакал, и после прават сѐ новиот да не им избега. И го прават најлошото што може. Го бркаат со сите сили од себе. И се чудат зошто истото им се повторува... сѐ додека не разберат, и не се простат со оној со кој се во кавга, така си простуваат и себеси и нему, и можат да продолжат чисти и уредни, во новиот живот, на новиот пат. И ќе си понесат и понекој спомен од старите нешта, од старите „љубови“, но тие тогаш се на вистинскиот друм, со вистински ум, и не се во љубов туку во убов, постојат во убавина.“ (август 2021)
  • Море Тихо,
    А да свртевме уште некое фудбалче кај нас во Трендоленд? Да ги посвиревме Џокси и Пепи? Да признававме дека многу им имаме попуштано на кретени? Да разменувавме трикови како се избегнува Скопје додека си во него? Да ти се радував кога ќе ми пишеше дека имаш нова бавча или книга? Да сакаше да ме мириш со кафанџии со кои сум раскинал?

    Не, а?

    Пред иха-ха години ми најави дека со другарка ни Лале сакате да фаќате џенем накај Кападокија, може и Сирија. Сега ни тоа.

    Така било тоа? Така било тоа.

    Штимај се горе, со тоа демек лутите веѓи, тие што не те знаат, нека ти се плашат малку.

    И гушни ја Лале од мене.

    Трендо

извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Квалификации

Балканштина
7

Елитно ментално

Забава
8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дувачи на плажа во летен период

Писмо од наставници до децата кои ќе полагаат екстерно

Кој го голтне ова, на здравје нека му е

Стивен Фрај, цитати

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy