Бавчи › Тихомир - Исповеди

За законот за непушење

Пушењето било прашање на јавно здравство, имало трошоци за заболувањата од него? Да, точно е. Така е. А трошоците за срцеви удари, ракови, дебелина, дијабет и хипертензија од кока-коли, грицки, газирано, хамбургери, пиво, пица, конзерви? Па трошоците за искривени кичми и хемороиди и ненадоместливите трошоци за затапените умови од мобилни, компјутери и гледање ТВ... тоа не се прашања на јавно здравство, сите се фатиле само за пушењето.

Како ми скроија капа

Ако сакаш нешто да испадне сосема по твое, ќе мора и да се помачиш. Нема друг начин. Ако друг ти ја крои капата, секогаш ќе ти ја скрои по свое.

Вечерва е Нова година

Вечерва е Нова година, сите знаат. И што да се каже? Ништо посебно: ќе дојде полноќ, па ќе помине. 

ТРАНСКРИПТИ

Ова се транскрипти од апсолутно вистински разговори. Некреирани, немонтирани... чисти, веродостојни. Вистината си го наоѓа патот... 

КАРАВЕСТИ

Гутен таг. Денес е петок, 6-ти март... а петок е ден. Прочитав дека на офф. нет денес му е роденден. Рождество офнетово. Е, ај честито! 

Бразил 2014

„Најважната споредна работа на светот." И мене сега ми е споредна, да не кажам небитна, ама на времето гледав доста фудбал. Кога викам „на времето", мислам одамна. 

За хороскопот и знаците

Гледањето на кафе (со превртувањето на филџанот по пиењето) некако замира со годините и не е толку популарно како порано, но читањето хороскопи останува омилена занимација за многумина во нашава средина.

Празникот на змијата

Значи, беше март 1995, си седам дома и читам нешто... кога ми ѕвони телефон. Обичен телефон, тогаш уште немаше мобилни. На телефонот Ратка (Лале), и ми вика: "Слушај, за Младенци одиме во Орман, тогаш имаат некаков обред со змии" – Какви змии мори Ратке? -„Живи змии бе, прави змии" –Ајде де? –„Да, ќе земеме камера и ќе снимаме, а ти смисли некое сценарио!" Ц,ц,ц...

Зима е. Тапа е.

Зимата е долга. Зимата е тажна. Зимата е долга и тажна. Во овие куси зимски денови и долги зимски ноќи (што главно ги преспивам) имам плитки и непрокопсани мисли што не се многу паметни ниту убави. Тешко да ги омажам.

Мора и такви да има

О, куку. Сè да се знаело: и поезија и историја и морал и етика и книжевност и квантна физика... ем си знаат, ем на друг памет продаваат. Пола од нив – полуписмени. Дај бе, откачете ми се, ако имаш нешто да кажеш, оди си кај тебе, пишувај си што сакаш, само остави ме на мира и не ми го грди денот!

За паразитите и паразитизмот

Луѓето овде сè повеќе се водат од имбецилната и квазиурбана логика со зародиш во социјализмот „Учи сине да не работиш" и гледаат да фатат какво било школо со кое иднината ќе им биде да станат накакви буџетари што „не креваат потешко од пенкало". Така се станувало господин човек или госпоѓа жена.

Писмо

Едно време, пред дваесет години, кога немаше имејл, интернет, социјални мрежи и такви работи - комунициравме и преку писма. Писма од хартија испишани со пенкало. Поштенските сандачиња не беа само местенца за оставање сметки, флаери и покани за суд, туку во нив пристигнуваа разгледници и писма од познати луѓе. Ова писмо е вистинска исповед. 

Мал текст за крадењето и кодошењето

Што ако од 1945 до 1992 и се кодошело исто како што се крадело? Кој ќе остане нелустриран? Ќе остане ли семејство во Македонија барем без еден „информатор" што поткажувал кој што рекол (за доброто на татковината)? Се надевам дека ќе остане, не едно туку многу... секој народ треба да си се соочи со своите слабости, општествени болести и пороци, без оглед на тоа колку соочувањето може да е непријатно...

За македонцките интеграции

Кога веќе сме мала и политички безначајна земја, глупо е да се правиме големи и да инсистираме на „славното минато". Тоа стои. Но тоа сепак не значи дека сме морони и не разбираме ништо. Не сакам да ме прават будала домашните „патриоти" или „прогресивци", а уште помалку  белосветските и европски „човекољупци" и „миротворци". Какви сме - такви сме, не гледам дека сме нешто многу полоши од другите...

Ми значи...

Има некои работи заради кои ги сакам Балканот и Македонија, и има други работи заради кои доаѓам во искушение да фатам џаде. Сума сумарум, оние првите сè уште претежнуваат на кантарот и останувам да си живеам во родната ми земја. Не дека е нешто подобра од другите, ама моја си е. 

Промоција

Најголем дел од она што проаѓа како "поезија" денес, и кај нас и во светот, може да се сведе на редење "високоумни" зборови, псевдоинтелектуалност, празнословие, тропање неповрзани работи, вербална перверзија, претенциозност или просто... немукает. И од таквата, било квазивозвишена или аплавулгарна "поезија" на нормални луѓе им се темни, и потоа некој може да си помисли дека сите стихови се глупост. А не е така. Никако.

Од друга страна...

Што се крена толкава џева околу оној бизарен закон? Секој си е господар на своето тело, ама абортусот, освен ако не се работи за психопати, е крајно непријатна, крајно мачна и болна работа... и остава длабоки лузни на душата. И кај таа што абортира, и кај тој од кого абортира.

За Европа и датумот

Оти неприкосновеното право на малите земји на самоопределување, да си го бираат името по свое наоѓање, како и правата на националните малцинства да си го зборуваат сопствениот јазик и да си ја чуваат сопствената култура се остаток од мрачниот 20-век, застарена и надмината работа...

De Monumentis

Пред некоја година, прошол некој наш, нов и храбар Македонец, на искурзија во Рим, ја видел Фонтана ди Треви, застанал, гледал, фрлил паричка... и ја видел годината на споменикот, 1762-ро лето, и му светнало... Па нели има една црква во Скопје, во Центар, Св. Димитрија... и пред неа ништо? Само еден тапа паркинг? Да направиме таму плоштадче, си помислил тој, и на него статуи со фонтани, троа покрупни...

Велигден

Оти на нашава полутопка е нов почеток, и обновувањето на природата се одразува и на обновеноста на душата во сè што дише, и ја дочекало оваа пролет. Ако на моменти чувствувате живост и верба дека животот е убав, и ако душата ви е радосна ... Ви посакувам таква и да ви остане до следната пролет, а тогаш да Ви се придодаде радост врз радост, и сè да Ви се исполни со смисла.... зашто животот треба и да се живее, а не само за него да се мудрува...

Аман

Човек треба да се солидаризира со оној што е онеправдан, а не со оној што ги брани паразитите, оти и тие требале од нешто да живеат. Паразитот е така создаден што не може да сфати дека ако многу се намножи, ќе го уништи и телото на кое паразитира, а со тоа и самиот ќе загине... Стави се во кожата на онеправданиот, макар и црна да му е... од мака. Ве поздрави Хајле Селасие: "Денес сме ние, утре Вам ќе Ви дојде редот" 

За мекото „L“

Тоа прекрасно „L“, тоLку застапено во македонските шлагери од времето. И ми навира буица од спомени, за песни испеани, песни со фамозното „L“, тоLку „шик“ и „шизички“ гLас, впрочем. И веднаш правам листа. И се составува листата. И барам помош од пријатели. И пријателите помагаат...

Metamorphosis

Kога се разбуди Грег едно сабајле... виде дека станал бубачка од големите... Повеќето луѓе не би си признале дека дееволуирале, туку од својата грдотија прават „успех во кариерата“. Или чекаат пензија за да се вчовечат пак. И така цел век.