- Лиридона Вејсели Тафили, беше осудена во Основниот суд во Гостивар на парична казна од 700 евра, односно 43.000 денари, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
- Пресудата се однесува на новинарски прилог објавен на социјалната мрежа ТикТок, во кој таа го навела името и презимето на судија од Основниот суд во Тетово.
- „Осудена сум од Основниот суд во Гостивар со 700 евра казна за изнесување лични податоци, затоа што при известувањето за една тема што ја обработував го спомнав името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Станува збор за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало, а судијата му изрече казна од три месеци ефективен затвор“, изјави Вејсели Тафили за случајот за кој е осудена.
- Судијката која ја осудила Лиридона се вика МАГДАЛЕНА МИШОСКА.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.