Составот на Игор Штимац беше надмоќен на стадионот „Максимир" уште по првите 45 минути кога впрочем и ја обезбеди победата над Србија. Стрелци на головите беа Манџуќик во 23-та и Олиќ во 37-та минута.
На вториот дуел во Глазгов селекцијата на Велс со пресврт обезбеди значајна победа над Шкотска и се искачи на третата позиција во групата. Домаќините поведоа преку Хенли во 45 минута, а гостите го направија пресвртот за само две минути. Ремси погоди од пенал во 72-та, а Робсон Кану го донесе триумфот во 74-та минута.
ГРУПА А
Македонија – Белгија 0:2
Хрватска – Србија 2:0
Шкотска – Велс 1:2
Табела:
1. Белгија 13
2. Хрватска 13
3. Велс 6
4. Србија 4
5. Македонија 4
6. Шкотска 2