Најпознатиот британски медиум ги издвојува кошарката, тенисот, ватерполото и ракометот како спортови во кои Хрватите постигнаа одлични успеси, а во моментов го потенцираат високиот пласман на Хрватска која се наоѓа на четвртото место на ФИФА ранг листата.
Пред неа се наоѓаат само светскиот и европски шампион Шпанија, потоа силната Германија и моќната селекција на Аргентина. Послабо рангирани од Хрватска се Италија, Франција, Холандија, но и петкратниот светски првак Бразил.
Ставот на познатите спортски личности за подемот на хрватскиот спорт е речиси идентичен.
„Хрватска едноствно е природно талентирата, вели селекторот на фудбалската репрезентација", Игор Штимац.
„Ние сме талентирата спортска нација", изјави кошаркарската легенда Петар Сканси.
„Господ ни подари талентирани деца“, смета Ромео Јозак од Фудбалската федерација на Хрватска.
Романците ја имаа ерата на Ѓорге Хаџи, а Бугарите го имаа Христо Стоичков, но откако се пензионираа овие фудбалери, овие две селекции ги нема на големите континентални натпреварувања.
Ситуацијата со Хрватска е различна. Прогласи независнот во 1991, беше во војна до 1995 година, но до сега има пропуштено само едно европско и едно светско првенство. Во премиерниот елитен европски собир во 96та стигна до четвртфиналето каде загуби од Германија, а две години подоцна на Мундијалот во Франција, Хрватите ја изненадија светската фудбалска јавност и завршија на третата позиција.
„Спортистите се нашите амбасадори. Огромна е инпирацијата да ја претставувате Хрватска во светски рамки, тоа е гордост. По завршувањето на војната работите тргнаа во вистински правец со голема националната енергија", вели селекторот Штимац кој беше во составот на Хрватска во 90тите години.
Би Би Си ја претставува поранешната југословенска република како земја каде се раѓаат и многу високи спортисти, што за некои спортови тоа претставува голема предност. Бројот на жители не е пресуден, затоа што Англија иако има 10 пати повеќе популација од Хрватска, се наоѓа подолу на ранк листата на ФИФА.
Еден од најважните клучеви за успехот на Хрватска е пристапот и работата со младите таленти со кои треба да се работи уште од најмала возраст.
„Без добра стратегија со младите нема успех. Мора да имате визија како ќе работите на пример со момчињата на 12 годишна возраст, потоа со тие на 14 години и така секоја генерација треба да го следи истиот пример“, објаснува поранешниот кошаркар Јозак.
Во споредба со соседна Србија, англичаните пишуваат за нивните фудбалери кои играат во стартните состави на гигантите Челси, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, но не е ниту тоа показател за силен национален тим, затоа што Србите нема да се натпреваруваат на Светското првнство во Бразил идната година.
Дел од успесите на Хрватска кои ги издвојува Би Би Си:
-Кошака: Сребрен медал на дебитантската Олимпијада во 1992.
-Тенис: Горан Иванишевиќ - поранешна ѕвезда, Марин Чилич - рангиран на 11 место.
-Ватерполо: Господари во Европа, но беа и светски и Олимписки шампион.
-Ракомет: Двоен Олимписки шампион и бронзен медал на последното Светско и Европско првенство.
-Олимпијада во Лондон 2012: 15то место по број на медали рангирано според земји по најголем број на жители.