По долги години, загрепската публика конечно организирано навива на фудбалски натпревари, поточно на дуелите на футсал тимот Динамо. Од 2006-та година трае бојкотот на натпреварите на Динамо Загреб, за кого велат дека е приватизиран од семејството Мамиќ. Здравко е потпретседател на клубот а неговиот брат Зоран во моментов е тренер на фудбалскиот клуб кој игра во Лигата на Европа.
Осум години навивачите на Динамо го следат омилениот клуб само на европските гостувања, додека на оние од домашното првенство се појавуваат само за да го изразат револтот од тиранијата на Здравко Мамиќ. Деновиве во Загреб владее вистинска потрага за карта повеќе за футсал натпреварите на Динамо, на кој често им претходат и рок свирки и разни забавни манифестации.
„Да се искаже љубов кон Динамо може само на овој начин, затоа што на Максимир тоа им е допуштено на оние кои се блиски со човекот кој го проколна нашиот клуб. Веќе одамна не е уживање да се отиде на стадионот и да се гледа легија на странски фудбалери, кои се луто платени за тоа што играат во Динамо.", стои во соопштението на БББ.
На претставувањето на футсал тимот во главниот град на Хрватска се организирала забавна програма а бил представен и членскиот модел по кој секој член на клубот ќе има право на глас во управниот одбор. Околу 3 илјади навивачи дојдоа на презентацијата, а толку се очекуваат и на секој натпревар во салите каде ќе игра Динамо. Од поранешните фудбалери, целиот проект го поддржаа Игор Бишчан, Дарио Шимиќ, Томислав Шокота, Едуардо Да Силва и Марио Станиќ.
Првиот натпревар од сезоната, МНК Динамо ќе го има во недела, од 19:00 часот во салата Суштински Врели во Загреб.