Хрватска подобра од Бугарија, Кијелини од трагичар до играч на натпревар

Во втората од трите вечери на квалификациски фудбал за ЕП 2016, Холандија и Италија потешко од очекувањата славеа против аутсајдерите. Турција поразена на домашен терен од Чешка, убедливи триумфи на Белгија и Норвешка.

Група А:

Латвија - Исланд 0:3
/Сигурдсон 67’, Гунарсон 77’, Гисласон 90’/

Холандија - Казахстан 3:1
/Хунтелар 62’, Афелај 82’, Ван Перси 89’ (пен.)/

Турција - Чешка 1:2
/Булут 8’ -  Шивок 15’, Доцкал 58’/

Група Б

Белгија - Андора 6:0
/Де Брујне 30’ (пен.) 34’,  Чадли 37’, Ориги 59’, Мертенс 65’ 68’/

Кипар - Израел 1:2
/Макридис 67’ - Дамари 37’, Бен Хаим 45’/

Велс - Босна 0:0

Група Х

Бугарија - Хрватска 0:1
/Бодуров (а.г) 36’/

Италија - Азербејџан 2:1
/Кијелини 44’ 82’ - Кијелини (а.г) 76’/

Малта - Норвешка 0:3
/Матс Дали 22', Кинг 46' 29'/