Хрватската влада денес и официјално ѝ даде дозвола на кошаркарската федерација да ја прифати заедничката кандидатура за организација на две групи и завршницата од ЕП следната година.
Министерот за наука, образование и спорт на Хрватска, Ведран Морнар изјавил дека ова е единствена прилика за промоција на хрватскиот спорт и туризам воопшто.
По одлуката на ФИБА која смета дека во Украина нема услови за организација на толку голем спортски собир, барање за организирање на целото Европско првенство поднесе Турција, а во меѓувреме, стигна веста дека Франција покрај Италија и Германија, ја сака и Хрватска.
Заедничката кандидатура и официјално ја предал претседателот на француската кошаркарска федерација, Жан-Пјер Сиутат, кој побарал согласност од хрватскиот сојуз и нив да ги стави на списокот домаќини.
Според Сиутат, целата организација на ЕП би изнесувала помеѓу 35 и 40 милиони евра, а како градови домаќини ги навел Загреб, Милано, Стразбур, Париз, Денкерк, Лион, Дизелдорф, Берлин и Келн.
По ракометната еуфорија на Светското во 2009, нашите навивачи повторно ќе имаат можност да ги обојат салите во Хрватска во црвено-жолта боја. За тоа е потребно најпрво да обезбедиме пласман и да имаме среќа да ни се паднат мечевите во најблиската земја од кандидатите.