Камерунците ќе се испотепаа по дебаклот од Хрватска

Фудбалерите на Хрватска го забележаа најубедливиот триумф без примен гол на досегашните натпревари на Светското првенство во Бразил. Камерун беше целосно надигран, но и посрамотен по високиот пораз.

Група А

Камерун - Хрватска 0:4
Олиќ 11` Перишиќ 48` Манџукиќ 61` 73` 

Хрватите го најавија триумфот уште во 11 минута преку ветеранот Ивица Олиќ откако доби употреблива топка во шеснаесетникот од Перишиќ кој ја зголеми предноста на стартот од второто полувреме на 2:0.

Избраниците на Ковач тука не застанаа и со головите на Марио Манџукиќ, кој поради суспензија немаше право на настап против Бразил, ги поставија конечни 4:0 во 61 и 73 минута.

Камерунците делуваа многу нервозно на овој натпревар, а по негативата од 1:0 на пет минути пред крајот на првиот дел останаа без Алех Сонг кој неспортски го фаулираше Манџукиќ.

По последниот свиреж на судијата тензија имаше и помеѓу самите фудбалери на Камерун, а дел од првата физичка пресметка помеѓу играчи од ист тим на ова Светско беа Асу Екото и Муканџо кои се посрамотија пред јавноста.

Со овој триумф Хрватите се на третото место во групата со 3 бода, веднаш зад Бразил и Мексико кои имаат по еден бод повеќе. Клучната пресметка за пласман во осминафиналето ќе ја имаат Хрватска и Мексико, додеа домаќините се очекува лесно да се справат со африканската земја која е веќе елиминирана.

19 јуни 2014 - 09:15