Хрватска доби мексиканска лекција за 10 минути

По елиминацијата на БиХ и втората балканска селекција се простува од Светското првенство која немаше рецепт за Средноамериканците. Убедлив во последниот меч од групната фаза беше и домаќинот кој го декласираше Камерун.

Група А

Хрватска - Мексико 1:3
Маркез 72` Квадрадо 75` Хернандес 82` 

Фудбалерите на Мексико и Хрватска одиграа борбен меч кој со многу жар на теренот, а по првите 45 минути во кои Хрватите беа за нијанса подобри, вториот дел целосно му припадна на Мексико кој ги искористи сите шанси и за само 10 минути ја торпедираше Хрватска која имаше многу дупки во одбраната. Мексиканците во осминафиналето ќе се судрат со Холандија.

 

Камерун - Бразил
Матип 26` - Нејмар 17` Фред 34` 49` Фернандињо 84`

По лесен и релаксиран меч имаа фудбалерите на Бразил кои без проблеми обезбедија висок триумф над раскараните фудбалери на Камерун. Бразилското шоу повторно мина во знакот на Нејмар кој постигна два гола, а на листата на стрелци се запишаа и Фред и Фернандињо. Поразот на Камерунците го ублажи Матип. Во нокаут фазата ќе гледаме јужноамериканскиот дуел помеѓу Бразил и Чиле.

24 јуни 2014 - 00:07