Чистач во Хрватска го нашол новчаникот на НБА ѕвезда и му го вратил

Најдобриот словенечки играч Горан Драгиќ уживал на брегот на Јадран во Хрватска кога во еден момент сфатил дека останал без новчаникот во кој имал важни документи, картички и неколку различни валути. Имал среќа што го нашол чесен чистач на плажата.

Сезонскиот работник на Комуналното претпријатие на општина Муртер-Корнат, Марин Пирија (52) веројатно ќе добие некоја од наградите за гест на годината со кој докажа дека и натаму постојат чесни луѓе. Рано изутрина Пирија ја чистел плажата Сланица, една од најпознатите во Муртер кога нашол паднат новчаник кај ресторанот „Морски пес“.
„Гледам внатре кога три-четири валути, лична карта, неколку банкарски карички, сите документи. Го ставив во џеп и продолжив да чистам, а кога ми заврши смената новчаникот го предадов во управата на комуналното претпријатие. Управата го контактирала словенечкиот кошаркарски сојуз и така успеале да го добијат бројот од славниот кошаркар Горан Драгиќ (30)“.

Дека доброто со добро се враќа, докажал и самиот Драгиќ.
„Во еден момент ме дочека изненадување. Горан за мене остави големо плико во кое ставил пари како награда, број на телефон и порака да се најде со мене“, раскажува Прија за хрватските медиуми.
Неговиот син Нино Метод има 12 години, игра за КК Муртер и е голем фан на Горан и многу сакал да го запознае НБА играчот. Марин не открил колку пари му оставил Драгиќ во ковертот. Додава дека го наградил баш многу, но смета дека не би било коректно да открие колкава е сумата.
 
Горан Драгиќ веќе неколку сезони е меѓу главните играчи на Мајами Хит, а лани потпиша договор.
11 јули 2016 - 21:24