Хрватската модуларна маса ги собра парите за производство

Момците од Славонија на Кикстартер бараа 30.000 долари за почеток на производство на масата. Собраа 35.000 илјади. Идејата зад која парите ги ставија над 100 луѓе е маса составена од модули (коцки) кои се распоредуваат како што на тебе ќе ти текне или ќе ти треба во канцеларија или соба.

Масата може да биде составена од 9 типови на модули, ти сам бираш кои ги сакаш и по колку од секој од нив, со различни функционалности. Основниот модул е коцка дрво, а меѓу другите има и заоблен модул, ако ти треба; модул со дупки за кабли; модул со Ајпад/Ајфон док; и УСБ модул.

Сајтот на производителот го имате тука

30 октомври 2017 - 14:42