Таг: Франција

Европа не дозволува промена на извод од матично

Европскиот суд за човекови права отфрли тужба против Франција, поднесена од нејзин граѓанин кој барал промена во изводот од матичната книга на родени. Пензионер е, има 72 години, и решил дека е крајно време во крштеницата да не му пишува дека е машко.

Постои една опасност за внатрешниот мир на Франција, имиграцијата

Бројот на имигранти што влегуваат во Франција севкупно има негативно влијание на колективниот живот во земјата, порачува поранешниот прв човек на Генералниот директорат за надворешна безбедност, француската ЦИА, Пјер Брошан.

Не се вика колонијализам, се вика француска надворешна политика

Чисто затоа што светот клокоти како да е пред апокалиптично зовривање, остана малку забележано воскреснувањето на нов фронт во срцето на ЕУ, меѓу Италија и Франција, и тоа пак заради држ-не дај околу бегалците.

Убави пари од ковид-тестови, убаво се трошат

Жил Мартин, основачот на компанијата за лабораториски тестови Еурофинс која се збрлави од пари за време на пандемијата, и неговиот брат купиле 4 куќи на „Полуостровот на милијардерите“ на француската Ривиера за топтан цена од 130 милиони евра.

Почна да пука меѓу Франција и Германија

Тоа што се случи вчера меѓу Берлин и Париз е навистина загрижувачки, не само за франко-германското партнерство туку и за цела ЕУ, пишува новинарот на Политико задолжен за покривање на германската влада, Ханс вон дер Бурхард.

Франција ќе се спасува со Јемен

Франција одлучи да испрати дополнителни сили од Легијата на странци за да ги заштити своите погони за природен гас во Јемен, ем за некој друг да не се подаде по нив, ем за да не дремат така неискористени.

На Париз ќе му биде постудено и потемно отколку на Берлин

Од моментот кога времето ќе застуди, Франција е поранлива од Германија на снемување струја, проценува аналитичарот на Блумберг, Хавиер Блас.

Песочни бури... во Франција

Температурата на француските плажи била 40 степени и за 15 минути паѓа на 25 степени, по што се случува ова.

Зошто во Франција е забрането јадење на работно место?

Со една рака куцкаш по тастатура со друга кршиш ѓеврек и мацаш во јогурт. Во Франција ова е забрането и за кроасан, и за ѓеврек и за што и да е, и тоа со закон.

Марин Ле Пен ја паузираше кампањата за да собира потписи

Кандидатката на Националниот собир (претходно Национален фронт) која минатите избори во втор круг изгуби од Макрон, сега не може да ги собере потребните потписи за кандидатура на изборите.

Интернет се од корен корнеше

Французин е на пат да лежи затвор откако е откриено дека кога им гасел интернет на своите деца, го оставал цел град без интернет и без мобилен.

Подземниот француски бунт против 5Г

Ниту има некоја јасна структура, ниту пак какво било видливо движење или организација, ама во рок од две години во Франција имало најмалку 140 напади и саботажи на 5Г антени и опрема.

Во Франција колите добија налепници за штетност

Во иднина секоја реклама за автомобили во Франција задолжително ќе треба да содржи порака дека автомобилите општо не ги бива и да ги стимулира гледачите да не користат автомобили.

Британските стравови за франкофонска Австралија

Раните француски истражувачи на континентот давале француски имиња на места и заминувале од таму со кенгури и други видови животни и растенија кои подоцна ѝ припаднале на царицата Жозефина. Главните колонијални конкурентни во оваа област на светот - Британците - почнале да се вадат од памет од мислата за „пофранцузување“ на Австралија.

Франција ја откажа нарачката од Мерк, затоа што не им го бива лекот против ковид

Капсулата на Мерк имала слаби резултати на тестовите па Франција се откажува од набавка на терапијата, и сега се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.

Ерик Земур ја почна кампањата со масовна тепачка

Прво кандидатот за претседател на Франција дур се пробиваше кон бината беше зграбен за врат од човек од топлата, за потоа сред говор, во задните редови да избие масовна тепачка.

Maкедонските песни во малку познатата француска збирка звучни цилиндри од 1900-те

Лео Азулај денес не е многу познато име. Француски лекар и антрополог, тој во 1900-тите започнал амбициозен проект, правење збирка на звуци од целиот свет. Помеѓу материјалите има и такви од Македонија. 

Нов прекин во Франција, верувале или не, пак со Марсеј и Паје

По којзнае кој пат сезонава, во француската Лига 1 дојде до нереди и до целосен прекин на меч. Во францускиот фудбал никогаш немало сезона со толку прекини, а уште не се ни до пола со одиграни кола.

Франција врати 26 артефакти што ги украла од Бенин... од вкупно 5.000

Широкоградоста на Франција беше одбележана на церемонија во Париз каде претседателот на Бенин, Патрис Талон, дојде да ги подигне артефактите што Французите ги пљакосале од неговите предци.

Франција извади уште „по Ле Пен“ претседателски кандидат

Исламот е многу поблизок до јудаизмот отколку до христијанството во смисла дека e политичка идеологија, и како таков треба да биде забранет во Франција, а муслиманите со тек на време треба да почнат да се асимилираат во француското општество, порачува Ерик Земур, француски новинар, писател, ТВ водител и можен иден кандидат за претседател.

Франција воведува закони за заштита на своите книжарници од Амазон

За време на трите строги карантини во Франција, владата ги поддржа малите книжарници со тоа што им ги надомести трошоците за транспорт за онлајн нарачки и на тој начин спаси од пропаѓање 70% од нив. Но сега ќе оди и чекор понатаму.

Спектакуларниот пресврт на Франција против Белгија, вреден финале

По падот на европскиот првак кој капитулираше дома од Шпанија, гледавме уште една полуфинална мега пресметка во Лига на нации. Оваа беше многу подраматична и понеизвесна, а ја доби актуелниот светски шампион кој од 2:0 на полувреме, ја сврте на 2:3 во 90-та минута со голчиште на Тео Хернандес.

Историската средба на Франција и Алжир, која требаше да биде чин на помирување

Битката беше фудбалска, но сепак и до ден денес се доживува како откривач на една од француските поделби, ослободувајќи страсти за идентитет. Надежта дека повторно ќе се сретнат овие две земји во мирна клима, остана само пуста желба на Французите.

Што тоа се случува по француските стадиони?

Навивачите на Ница на почеток на сезоната на 22 август скокнаа на терен и се пресметуваа со играчите и стручниот штаб на Марсеј, а тој упад како да покрена лавина слични епизоди на неколку стадиони. Синоќа хулиганите на Марсеј влегоа на терен и тргнаа кон навивачите на Анже.