Британските стравови за франкофонска Австралија

Раните француски истражувачи на континентот давале француски имиња на места и заминувале од таму со кенгури и други видови животни и растенија кои подоцна ѝ припаднале на царицата Жозефина. Главните колонијални конкурентни во оваа област на светот - Британците - почнале да се вадат од памет од мислата за „пофранцузување“ на Австралија.

Од Ла Перуз во Сиднеј до Викторијанските француски острови, голем број топоними кои и денес постојат во Австралија укажуваат на раното француско истражување на брегот на овој континент.

Всушност, познавањето на Австралија од страна на Французите одело до таму што тие биле првите кои отпечатиле речиси комплетна мапа на бреговата линија во 1811, три години пред Британците. 

Мапата била резултат на патување на истражувачот Николас Бодин од 1801-1804. Неговиот тим регистрирал голем дел од јужната брегова линија, помагајќи во одредувањето на тоа дека континентот не е еден единствен остров. Таа вклучува и опис на „Земјата на Наполеон“ (La Terre Napoleon), што покривала територија на денешните држави Викторија и Јужна Австралија. 

И други истражувачи престојувале тука пред Британија да ја воспостави својата колонија осуденици. Бродот на Луј-Антоан, војвода на Бугенвиј, бил блокиран кај Големoт корален гребен во 1768, две години пред „Ендевор“ на капетанот Џејмс Кук да мине низ истата област и да го заземе источниот брег во име на Британија.

Марк-Јозеф Марион Дoфрејн ја посетил Тасманија и живеел помеѓу домородното население, додека далеку на северо-западниот брег Франсоа де Сен-Алуарн закопал две шишиња со прокламација за сопственост на островот Дирк Хартог. Археолозите пронашле едно од нив во 1998 и тоа е сега во Поморскиот музеј на Западна Австралија.

Интересно е што самиот Наполеон Бонапарта во младоста се пријавил, но не се качил на брод кој од Франција тргнал кон Ботани Беј. За негова среќа бидејќи тој потонал кај Соломоновите острови.  

Сето ова покажува дека Франција лесно можела, доколку сакала, да се наметне во овој регион, кога веќе имала физички екипи на теренот. Но во истото време во домицилната држава се одвивала револуција која ги трошела ресурсите и го одвлекувала вниманието од колонијални активности. Главна цел на овие патувања така станало мапирањето на територијата и собирање на научни знаења, особено за флората и фаунта. Спомнатиот Бодин умрел од туберклоза на Мауруциус во 1803, на возраст од 49 години, но голем дел од неговата збирка станала дел од онаа на царицата Жозефина. Таа вклучувала живи растенија, како и кенгури, ему и црни лебеди кои Бодин наредил да се држат подалеку од гладните морнари и од готвачите. За жал два вомбата (на сликата погоре) не успеале да се спасат.

Наполеон наводно изјавил дека дури и Бодин да се врател дома, тој би го обесил бидејќи не успеал да се избори со Британија за сопствеништво над териториите. Овој пак, иако им давал имиња на местата без да ги праша домородците како тие се викаат на нивниот јазик, сепак немал амбиција и да им ги одземе.

извор

25 декември 2021 - 11:48