Прво и основно за планот е дека треба да ги имаш парите, системот не работи на правење нешто од ништо. А ако веќе ги имаш, Британија логистички, правно и чисто заради личен мерак, веројатно е најдобрата опција за перење на твоите пари.
Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.
Не е некоја уметничка инсталација, ниту пак експеримент. Целата приказна ни зазвучи како од некоја дистопија, затоа што покажува дека нешто не е во ред со цивилизацијата каква што ја знаеме.
За некого ултимативен гест на обожавање на нечиј лик и дело е да поседува парче облека, инструмент или своерачно напишана белешка од славната личност. Ама ова е изгледа следно ниво.
Армагедонот е на повидок. Борис Џонсон е тргнат кон бр. 10 и нема ништо неискрено, нерепутабилно па дури ни доволно скандалозно што тој може да направи што би ја спречило неговата партија да го избере. Тие ги знаат сите негови лаги, мрза и нарцизам, и пак не им е гајле.
Признанието се вика „Република на свеста“ (Republic of Consciousness), а членовите на жирито биле инструирани да решаваат по следниот принцип - „книгата Х или Y не може а да не ја добие наградата“.
Анти-муслиманските предрасуди изминатиов период ја заменија имиграцијата како главна основа за раст на крајната десница во Британија. Моментално барем една третина од жителите на британскиот остров веруваат дека Исламот е закана за британскиот начин на живот.
Кога прв пат прочитавме дека текст на Орвел неодамна е изваден од бункер, си помисливме дека човекот на времето рекол нешто против кралицата, можеби опцул некој сојузник или го најавил брегзит. Ама не, причината за цензура е многу побанална - „варварските“ прехранбени навики на Британците.
Бегалката од ЕУ на пет месеци пред брегзит има одново склучено само 14 од 236-те меѓународни договори што ЕУ ги има потпишано со земји низ светот, а Британија како членка активно ги користи.
Затоа што англискиот јазик и онака е богат со соодветни зборови и фрази, нема никаква потреба од користење на омилениот термин на Трамп, посебно не во службени документи на британската влада.
Иако имаат бушави капи, иако веќе се станати неизбежен дел од идентитетот на Лондон и Британија, иако изгледаат малку смешно, клучно што не треба да се заборави околу британската кралска гарда е дека тоа сепак е гарда и како таква е составена од активни војници на британската војска.
Поранешниот директор од Асда и Пепси, Дејвид Ратли, ќе биде задолжен за надгледување и заштита на резервите со храна на Британија сред стравот за излегување од ЕУ без договор.
Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.
Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.
Универзитетот во Манчестер реновирал една од зградите, и на ѕидот ја испишал песната „Товарот на белиот човек“ од Радјард Киплинг. Студентите се организирале и ја замениле со друга.
Еден од патиштата по кои може да тргне брегзит, што од ден на ден станува се поверојатно, е да се случи парламентарна блокада и да не може да се изгласа планот што Меј го договорила со ЕУ. А ако дојде до тоа одлучувањето повторно се враќа кај народот, по една или друга основа.
Како што успешно ја заврши кампањата за брегзит, така Борис Џонсон беше назначен за министер за надворешни работи во новата британска Влада која требаше заеднички да ја носи државата низ преговорите за напуштање на ЕУ. Таму продолжи во истиот стил од времето кога беше градоначалник на Лондон, овозможувајќи и на Тереза Меј десетина пенали за без никакво двоумење да му даде отказ. На крај се случи обратното, Џонсон во знак на притисок врз Меј ја напушти британската влада.
Во средниот век збирка од стотина книги претставувала голема библиотека. Рачно препишуваните томови со верска и правна содржина биле ретки, незаменливи и скапоцени. И имало само еден начин да се обезбеди дека нема да бидат украдени.
„Р.Д. Лејнг бил откачен тип. Некои би рекле дури и - луд“. Вака го почнавме освртот кон книга на македонски автор која се занимаваше со ликот и делото на овој контроверзен шкотски психијатар. Сега за него има и биографски филм.
На мечот Хартс - Селтик, Одсон Едуар тргна по една топка во публиката, а таму едно дете нè врати во 90’ години на британскиот фудбал. Среќа не беше Кантона. Во друга случка на истиот натпревар Стив Нејсмит од Хартс намерно го згазна на незгодно место капитенот на Селтик Скот Браун.
Британските власти одбиле да им помогнат на Французите во истрагата за перење пари и даночна измама од страна на британскиот телеком гигант Лајкамобајл. Причина - Лајкамобајл е „најголемиот корпоративен донатор на Конзервативната партија“ и дава пари во труст основан од Принцот Чарлс.
Соочени со крахирањето на сите ветувања што ги имаа пред референдумот, моментално главен аргумент на поборниците за брегзит зошто треба да се продолжи со преговорите е дека веќе така е решено, пишува британската парламентарка Рупа Хaк.
Пред неколку седмици во најмалку 6 заедници во Британија пристигна писмо во кое за 3-ти април се најавува Денот на казнување муслимани во Британија. Во писмото е вклучена и таблица според која ќе се бодуваат најразличните типови насилство врз муслимани.