Осаменоста има сериозни последици по здравјето - пролонгираната социјална изолација може да ги има истите ризици како пушење 15 цигари дневно.Но за разлика од други заболувања, симптомите на осаменост е тешко да се детектираат, освен за оној кој е осамен.
Нова иницијатива во Британија сака да го реши проблемот со тоа што ќе им олесни на луѓето кои се чувствуваат осамено да си направат муабет со непознати.
Носител на овој „проект“ е никој друг туку полицијата од Барнхам-на-море во југозападна Англија, која обележила неколку клупи како „клупи за муабет“, со натпис: „Седнете тука ако не ви пречи некој да застане и да ве поздрави“. Идејата е дека оној кој ќе седне на неа со тоа сигнализира потреба од друштво, а дека ќе се најде некоја добра душа на која нема да ѝ пречи да потроши дел од времето за чанче-муабет.
Денот на започнување на иницијативата беше 15 јуни, светскиот ден на кој Обединетите нации ја промовираат свесноста за злоупотреба на стари лица, но таа сепак се однесува на сите генерации.