Меѓу бројките што ги вади анти-фашистичката група „Хоум нот хејт“, 32% од испитаниците веруваат дека во Британија има забранети зони во кои владее шеријатот, и не-муслиманите не смеат да влезат во нив. На страна од ова во сосема друга анкета во која учествуваат 5.000 испитаници, 30% изјавиле дека би поддржале кампања од локални жители за спречување на предлогот за градење џамија во близина на нивните домови, од нив 20% би поддржале дури и ако целата работа стане насилна.
Она што изненадува во новата анкета е левичарскиот анти-семитизам. Иако во нивната верзија екстремниот анти-семитизам и негирањето на холокаустот не се толку застапени, таму доминира „заговорничкиот“ анти-семитизам кој во основа се базира на идејата дека Евреите контролираат сè. Во извештајот се наведува дека во земјата има и пораст на анти-семитските пребарувања на Гугл.
„Нашите најнови анкети откриваат загрижувачки нивоа на анти-муслимански предрасуди и говор кои се проткајуваат низ општеството, а третина од луѓето изјавија дека веруваат во постоење на забранети зони поставени од муслимани. Згора на ова е растечкиот анти-семитизам кај левицата, кој беше откриен од нашето испитување,“ објаснува првиот човек на организацијата.
Нивните процени се дека укинувањето на затворската казна на исламистички фигури као Анџем Чудрај (свештеник симпатизер на ИСИС, кој јавно ги хвалоспеваше луѓето зад 11-ти септември и нападите во Лондон во 2005) само ќе го помогне и засили растот на крајната десница.