Деновиве француската левица излезе на протест против исламофобијата во земјата, претходно имаше отворено писмо против истата, меѓутоа најзабележително на двете беше отсуството на дел од истата таа левица.
Анти-муслиманските предрасуди изминатиов период ја заменија имиграцијата како главна основа за раст на крајната десница во Британија. Моментално барем една третина од жителите на британскиот остров веруваат дека Исламот е закана за британскиот начин на живот.