Таа ја апдејтува состојбата со неколку ветувања од време на кампањата пред изборите:
- На луѓето им беше кажано дека по брегзит Британија веќе нема да праќа пари во ЕУ: наместо тоа излезе дека праќаат милијарди до 2064 и тоа за полоши односи отколку што сега ги имаат.
- Им беше кажано дека нови трговски договори со држави низ светот ќе ја заменат трговијата што Британија ќе ја изгуби со ЕУ: наместо тоа нема на повидок ниту еден нов трговски договор, а министерот за меѓународна трговија се обидува да ги заштити постојните договори што ги има како дел од ЕУ.
- На народот му беше кажано дека ќе има дополнителни 350 милиони фунти неделно за државното здравство: наместо тоа, системот е во се подлабока криза, а неопходните сестри и доктори од ЕУ си заминуваат во рекордни броеви.
„Очигледно брегзит е многу покомплексен и поскап процес отколку што им беше кажано на луѓето од страна на кампањата за заминување за време на референдумот. Па, кога ќе ги запрашаш зошто и понатаму сакаат да тераат со брегзит кога ветените бенефити исчезнуваат од ден за ден, брегзитерите се присилени да одговорат ’затоа што тој постои.’“ пишува Хак цитирајќи ја изјавата од 1920-те на познатиот британски алпинист Џорџ Малори откако е запрашан зошто сака да го искачи Еверест.
Главната позиција на пратеничката од Лабуристичката партија е дека Британија мора да се спротивстави на „митот за неотповикливата природа на брегзит.“
„Живееме во демократија, и живот во демократија значи дека секогаш имаме право да го промениме своето мислење ако така сакаме. Резултатот на референдумот не е запишан во бетон, недопирлив и непроменлив, без разлика на последиците.
Ако чинењето на брегзит достигне точка во која британскиот народ одлучи дека тој не е исплатлив, тогаш ним им совршено допуштено да го променат своето мислење дали тоа е правиот пат. Ниту еден политичар или влада може да инсистира на спротивното.
Иднината на земјата е оставена на народот да ја одлучи.
Остатокот од преговорите за брегзит изгледа дека ќе ја следи востановената шема, прецизно опишана од големиот прагматичар Брајан Клаф, запрашан дали некогаш ги слуша мислењата на своите играчи: ’Разговараме околу 20 минути, и потоа решаваме дека јас сум во право.’
Епа, во случајот со преговорите за брегзит, изгледа форматот е нашиот преговарач Дејвид Дејвис го дава своето мислење, ЕУ го даваат нивното, некое време седат и зборуваат околу тоа, и потоа одлучуваат дека ЕУ се во право. Дури и ако некогаш беше возможно, шансите дека нашата држава ќе добие подобра зделка од членство во ЕУ се повеќе изгледаат како фантазија. Ова значи дека парламентот и јавноста треба да имаат шанса соодветно да го проучат договорот што го има владата и да одлучат дали тој е во најдобар интерес на целата држава.
Ако не е, имаме право да го промениме нашето мислење,“ пишува Хaк.